Приведен крадец кој „оперирал“ во Чаир и на Бит Пазар

1 min read

Полициски службеници од ЕВР Чаир и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 14.40 часот на ул.„Бутелска“ во Скопје, го лишиле од слобода Ш.А.(39) од Скопје.

– Тој се сомничи дека на 22.01.2023 извршил кражба од зграда на подрачјето на Бит пазар, а на 28 и 29.01.2023 извршил тешки кражби во продажен објект и куќа на подрачјето на Чаир, при што одзел повеќе предмети, информира МВР.

Во службен разговор во полициска станица, тој ги признал делата, а поголем дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Поради минирање утре прекин во сообраќајот на патот Длабочица – Чатал

Следно

Холандски борбени авиони пресретнаа руски авиони во близина на Полска

Latest from Blog