Прилегнете си за викенд, убаво ќе ви дојде

April 29, 2024
1 min read

Депресијата е најчестиот проблем со ментално здравје во светот и знае да влијае на способноста на човекот да функционира и дома и на работа. Научниците во студијата решаваат да ја истражат поврзаноста меѓу викенд доспивањето и симптомите на депресија откако првично утврдуваат дека недостатокот на сон станува се повообичаен во модерното општество, и луѓе спијат повеќе часови за викенд за да надоместат дел од дефицитот.

Тие анализираат бројки од над 7.700 испитаници кои одговараат на прашалник за сопственото здравје и за проблеми со спиење. Од тука вадат бројки за тоа кој кога си легнува преку недела и колкумина од нив и колку се доспиваат за време на викенди.

46% од учесниците во анкетата спиеле подолго за време на викенди, а севкупно оваа група имала пониски нивоа на депресивни симптоми од останатите.

Плусот што бил доволен за да имаш корист од доспивањето бил еден до два часа по викенд, меѓутоа истото не важело и за оние кои надополниле по три часа или повеќе.

Дополнителна анализа покажала дека поврзаноста меѓу дополнително спиење и депресија главно постои кај луѓе кои во работни денови спијат 6 часа или помалку. Поврзаноста е посилна кај мажи и кај возрасни лица под 65 години.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата во Северна Македонија

Следно

Вогел уверен дека нема да добие отказ и покрај „метлата“ од Минесота

Latest from Blog

Мицкоски очекува средби со претставници на бугарската Влада, но не прецизира на чија иницијатива

Премиерот Христијан Мицкоски очекува во наредниот период да се одржат средби со претставници на бугарската Влада. Според него, тоа е нешто што не треба да не изненади, бидејќи, како што вели, нормално

ПРВО ОПОМЕНА, ПА ГЛОБА: „Безбеден град“ догодина комплетно во функција- период на адаптација од 6 месеци

Догодина комплетно ќе биде ставен во функција проектот „Безбеден град“. Се размислува за период на адаптација од 6 месеци, однсосно- на граѓаните доколку направиле некој прекршок првично да им стигнува опомена, а

Голем шумски пожар во Истра, каде огнот зафати стотици хектари

Шумски пожар во хрватската област Истра зафати стотици хектари трева и ниска вегетација, а пожарникарите сè уште се борат со огнената стихија, пренесува хрватскиот портал Индекс. Пожарот избувнал вчера попладне и, поттикнат

Истрага за поткуп и проневера во СОЗР, побаран притвор за поранешниот директор

Јавен обвинител од ОЈО Скопје донел наредба за спроведување истражна постапка против две лица, за поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата  кој се сомничи за примање поткуп
Go toTop