ПРИКАЗНИТЕ ОД ЛЕТНАТА ШКОЛА ВО МАНАСТИРОТ „СВ. ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ“ УТРЕ ЌЕ СЕ ПРЕТСТАВАТ НА ВЕНЕЦИСКОТО БИЕНАЛЕ ЗА АРХИТЕКТУРА

May 17, 2023
1 min read

Македонскиот павилјон на Биеналето за архитектура ќе се отвори утре, со проектот „Лабораторија од минатото за иднината: Приказни за Летната школа за архитектура во манастирот ‘Свети Јоаким Осоговски’, 1992-2017“. Официјалното отворање на Биеналето е на 20 мај, а Македонскиот павилјон ќе се отвори утре, на Светскиот ден на музеите.

Комесар на проектот е Дита Старова-Ќерими, директорка на Националната галерија на Северна Македонија (НГСМ), а куратори се Александар Петановски, Димитар Крстески, Дарко Драгановски, Марија Петрова и Горан Петров.

Излагачи во поставката се Минас Бакалчев, Митко Хаџи-Пуља, Александар Радевски, Саша Тасиќ и Димитар Папастеревски. Соработници се: Амир Ахмети, Егзона Зендели, Кире Ставров, Влера Тачи, Теодора Илиевска, Сара Алаѓозовска, Ахмед Пошка, Тамара Павлеска, Теодора Стеваноска, Марија Илиев, Горан Трајановски, Маријана Јаневска, Кристијан Ристовски, Едон Фетаху, Никола Момировски, Фјола Пустина, Симона Костовска, Александра Наумовска, Ива Митевска, Енис Абовски, Кирил Кочоски, Мила Јакимовска, Харика Шехаби, Илија Мошев и Домника Бошкова.

Директорката на Националната галерија, Дита Старова-Ќерими (десно) на павилјонот во Венеција. (Фото: Фејсбук)

Носителот на проектот е Здружението за истражување на градот „Градот убав Скопје“.

„Изложбата ја согледува школата како психогеографски асамблаж од парчињата, спомените, кажувањата, приказните за настаните, местата и луѓето во и околу Летната школа. Првата школа започна со истражување на корените на преродбенската архитектура во делото на протомајсторот Андреа Дамјанов, документирајќи ги објектите и нивната поставка во манастирот. Низ годините Летната школа се формираше во еден уникатен педагошки експеримент, во неизвесната авантура на учење, правење и преиспитување на границите на архитектурата иуметноста. Така Летната школа на Архитектонскиот факултет, Универзитетот ‘Св. Кирил и Методиј’ во манастирот ‘Св. Јоаким Осоговски’ од еден локален настан набрзо стана еден меѓународен јаз, кој ги собираше различните луѓе и идеи. Оваа поставка сака да даде една документарна основа на сеќавањањата, приказните, замислите, доживувањата, изложени на заедничка маса, на сличен начин како што на чардакот од конакот се разговараше, работеше, изложуваше. На тој начин собраните објекти, слики, записи, цртежите како трагите од минатото ни сведочат за една можна заедничка иднина“, вели Ива Петрунова, претседателка на Здружението.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По слетувањето во Манчестер – Реал наишле на првиот проблем

Следно

Лица со попреченост ќе сликаат виножито в четврток на Денот на музеите во Неготино

Latest from Blog

„ЉУБИ МЕ И ГЛАВАТА ГОРЕ“: Почина пејачката Сенка Велетанлиќ, сопруга и најголема љубов на Зафир Хаџиманов

Почина српската пејачка Сенка Велетанлиќ, која на македонската јавност ѝ беше позната и како сопруга на нашиот реномиран пејач и актер Зафир Хаџиманов. Велетанлиќ почина на 89-годишна возраст по тешко боледување, а

Вештачката интелигенција КАЈ УЧЕНИЦИТЕ СОЗДАВА МРЗЕЛИВОСТ И ЈА ПОДРИВА НИВНАТА ЛИЧНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

Се повеќе докази покажуваат дека вештачката интелигенција (ВИ) во наставата може да ги подобри перформансите на учениците во решавањето специфични задачи, но во исто време не мора нужно да придонесе за нивниот

Американците почнаа да патролираат со пушки поради агентите на Трамп (ВИДЕО)

Поради најавите на Трамп за распоредување на агенти на ICE, жителите на САД почнаа да патролираат со пушки. Пред неколку дена агентите застрелаа невооружена жена во нејзиниот автомобил во Минеаполис. Властите велат

Утре се слави свети Јован Предвесник и Крстител

Собор на Свети Јован Предвесник и Крстител се празнува на 20 јануари и е еден од значајните празници во православниот календар. Овој ден е посветен на Свети Јован Крстител, најголемиот меѓу пророците
Go toTop