Приказна за хуманост: Турски војник ги собул чизмите и ги подарил на лице кое го преживеало земјотресот

1 min read

АНКАРА (АА) – Снимката на хуманитарното дело на турскиот војник, еден од десетиците илјади кои посветено работат на укажувањето помош на настраданите во разорните земјотреси кои ги потресоа јужните делови на Туркије, кружи на социјалните мрежи, известува Анадолу.

На снимката што во понеделникот ја објави турското Министерство за одбрана се гледа како турски војник во зоната на потресот наидува на маж кој го преживеал земјотресот и му ги подарува своите чизми.

Снимката во вторникот почна да кружи на социјалните мрежи, а приказната е споделувана и на кинеските платформи „Баиду“ и „ВиЧeт“, кои имаат стотици милиони корисници.

На платформите се вели дека станува збор за „една од најтрогателните сцени кои се појавиле по катастрофата“.

„На патот прекриен со снег, војник забележал лице погодено од земјотресите само во чорапи. Ги собул своите чизми и му ги подарил“, се вели во објавата со видеото.

Во понеделникот турското Министерство за национална одбрана објави снимка која има 1,3 милиони прегледи, а во описот на видеото се вели:

„Турските војници се заколнаа дека без двоумење ќе го жртвуваат својот живот за овој народ и оваа земја. Затоа, кога некој од нив ќе види граѓанин на улица кој нема чевли на нозете, не се колеба да му ги даде своите чизми.“

Земјотрес со интензитет од 6,4 степени по Рихтер во понеделникот го потресе местото Дефне во турската провинција Хатај, а три минути подоцна следуваше уште еден земјотрес со јачина од 5,8 степени, со епицентар во местото Самандаг, исто во областа Хатај. Во овие земјотреси загинаа 6 лица, а повредени се 562. Овие земјотреси уследија две недели по двата разорни земјотреси со епицентар во турската област Кахраманмараш, во кои животот го загубија 42.310 лица.

Турските власти соопштија дека во изминатите повеќе од две недели на југот од Туркије се регистрирани над 7.200 потреси.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Наполи прв пат победи на гостински терен во нокаут фазата во ЛШ

Следно

Комитетот на Државната дума препорачува да се суспендира учеството на Русија во договорот „Нов СТАРТ“

Latest from Blog