Пригожин објави дека единиците на „Вагнер“ се повлекува од Бахмут: Ќе се заменат со редовните руски трупи

May 25, 2023
1 min read

Шефот на руската платеничка група во своето видеообраќање посочил дека неговите сили се подготвени повторно да се вратат во Бахмут доколку редовната руска армија не може да управува со ситуацијата

Руската платеничка милитантна група „Вагнер“ почна да ги повлекува своите сили од украинскиот град Бахмут и да ги предава своите позиции на редовните руски трупи, објави денеска нејзиниот основач, Евгениј Пригожин.

Евгениј Пригожин, основачот на руската платеничка група „Вагнер“

„Ги повлекуваме нашите единици од Бахмут. Од денеска од пет часот на 25 мај до 1 јуни, повеќето единици ќе бидат прераспоредени во задните кампови. Ги предаваме нашите позиции на руската армија“,

рече тој во видеообраќање објавено на Телеграм.

Ројтерс пишува дека видеото во кое се обраќа Пригожин е објавено на апликацијата Телеграм од страна на неговата прес-служба, а на него се гледа како шефот на „Вагнер“, облечен во борбена опрема, стои до станбен блок оштетен од воените напади.

Во обраќањето тој посочил дека неговите сили се подготвени повторно да се вратат во Бахмут доколку редовната руска армија не може да управува со ситуацијата.

Во саботата, руските сили објавија дека по неколкумесечни тешки борби целосно го зазеле Бахмут.

Украина, пак, го негира ова и вели дека нејзината армија напреднала во северниот и јужниот дел на уништениот град и дека се надеваат оти ќе го опколат.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Желјазков: Вметнувањето на Бугарите во Уставот на С Македонија не е билатерално прашање, туку услов на ЕУ

Следно

Туристички и археолошки бисер на Туркије: Остатоците од античкиот град Термесос му пркосат на времето

Latest from Blog

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето
Go toTop