Претседателот Пендаровски ги посети транзитниот центар Винојуг на јужната граница на државата и припадниците на Армијата во Млаз Богданци

December 19, 2023
1 min read

реклама


Претседателот Стево Пендаровски денеска го посети транзитниот центар Винојуг – Гевгелија, каде разговараше со претставници на институциите и организациите коишто се ангажирани таму, за нивните тековни активности, регистрацијата на мигрантите и нивниот третман.

Претседателот Пендаровски го посети семејното катче каде што се врши едукација на мигрантите. Таму беше информиран за тековните активности во однос на нивната психо-социјална заштита и ментално здравје. Во разговорот со дел од лицата коишто ги користат овие услуги, претседателот беше запознаен со нивните лични приказни и сведоштва, како и со досегашните искуства од престојот во земјата.

реклама

Во разговор со претставници на надлежните институции, претседателот Пендаровски беше информиран за капацитетите на транзитниот центар, како и за целокупната состојба на јужната граница, имајќи предвид дека таму на сила е одлуката за постоење кризна состојба. Истовремено, беше констатирано дека безбедносната состојба е стабилна и без позначителни промени во однос на изминатиот период. Од почетокот на годинава, во земјава се регистрирани речиси 10 илјади мигранти, главно од Сирија, Мароко, Авганистан и Пакистан. Соговорниците ја нагласија потребата од натамошно зајакнување на заедничкиот пристап на засегнатите земји, поддршка во јакнењето на националните капацитети, но и соработка со земјите на потекло на овие лица.

При посетата на Винојуг, претседателот Пендаровски разговараше и со претставници на Меѓународната организација за миграции (ИОМ), водечка агенција на Обединетите Нации за миграција. Тие го запознаа со нивните тековни активности во насока на соодветен третман на мигрантите, меѓународната соработка, изнаоѓање практични решенија за миграциските предизвици и хуманитарна помош.

реклама

Претседателот Стево Пендаровски попладнево ги посети и припадниците на Армијата коишто се сместени во објектот во Млаз Богданци. Во разговор со нив, војниците и старешините го запознаа со нивните активности и ангажманот при справувањето со нелегалните премини на нашата јужна граница.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Зеленски: Армијата побара мобилизација на уште 450-500 илјади луѓе

Следно

Спасеновски: Погрешно е кога институциите преземаат обврски што не може да се испочитуваат како уставните измени – ЕУ важна цел и потребна е поголема одговорност

Latest from Blog

Лука Модриќ урна рекорд – стар 64 години!

Фото: ФЦ Милан Х Фудбалерите на Милан ја победија Болоња со 1:0 во натпреварот од третото коло на Серија А. Единствениот гол го постигна Лука Модриќ, кој дебитираше во дресот на својот

Сончево со мала облачност и ветер

Во раните утрински и претпладневни часови во источните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Во текот на денот времето ќе биде сончево со

Онана во првиот меч за Трабзон имаше 7 одбрани и доби највисока оценка

фото: DİAS (X) Довчерашниот голман на Манчестер Јунајтед, Камерунецот Андре Онана имаше одлично деби на голот на Трабзонспор. Иако неговиот тим загуби на гостувањето кај Фенербахче со 1:0, Онана блескаше на голот
Go toTop