Претседателот на Мексико накусо изгуби свест поради Ковид

1 min read

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор рече дека за време на состанокот со воени претставници во градот Мерида, во државата Јукатан, „накратко изгубил свест поради ненадеен пад на крвниот притисок“ припишувајќи го тоа на Ковид-19.

Во видео порака објавена од Кабинетот на претседателот, Обрадор даде изјави за неговата здравствена состојба.

Тој рече дека за време на состанокот со воени претставници во градот Мерида, државата Јукатан, „накратко се онесвестил затоа што крвниот притисок ненадејно му паднал“ поради Ковид-19.

Обрадор рече дека со хеликоптер на брза помош бил пренесен во главниот град Мексико Сити. Тој истакна дека вообичаено има проблеми со срцето, но овојпат влошувањето на неговото здравје „не било предизвикано од срцето“.

Лекувањето ќе продолжи во домашни услови, а министерот за внатрешни работи Адан Аугусто Лопез Хернандез ќе одржува дневни прес-конференции додека Обрадор не закрепне.

Обрадор (69), кој двапати беше заразен со Ковид-19 од 2021 година, доживеал срцев удар во 2013 година, а во 2022 година беше подложен на срцева катетеризација.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

САД: Законодавците претставија Предлог-закон за спречување на вештачката интелигенција да лансира нуклеарно оружје

Следно

Започна гласањето на турските иселеници во Европа за претседателските и парламентарните избори

Latest from Blog