Претседателите на Туркије и Азербејџан разговараа за последните случувања во Сирија

December 10, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот азербејџански колега Илхам Алиев денес разговараа за последните случувања во Сирија, соопшти Дирекцијата за комуникации на Туркије, јавува Анадолу.

Ердоган и Алиев телефонски разговараа за регионални и глобални прашања.

Ердоган истакна дека Туркије ќе продолжи да го поддржува сирискиот народ за воспоставување трајна стабилност во нивната земја.

Алиев од своја страна го изрази своето задоволство од новонастанатата ситуација во Сирија.

Башар ал Асад, лидер на Сирија речиси 25 години, побегна во Русија откако антирежимските групи ја презедоа контролата врз Дамаск рано во неделата, ставајќи крај на владеењето на партијата Баас, што беше на власт во Сирија од 1963 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Муцунски го враќа Мухаби Синани од позицијата генерален конзул во Њујорк, кој незаконски беше испратен од страна на Османи и Груби

Следно

Манчестер подготвен да го продаде Рашфорд

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop