Претепан поранешниот грчки министер Јанис Варуфакис

1 min read

Поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис во петокот вечерта бил нападнат и претепан од група маскирани лица пред ресторан во анархистичкиот кварт во Атина, по што бил пренесен во болница, каде било утврдено дека му бил скршен носот, објавија во саботата грчките медиуми.

Шеесет и едногодишниот претставник на левичарската опозиција најпрвин бил навредуван од група од дваесетина луѓе пред ресторанот, каде што вечерал со приврзаниците на неговата партија Мера25. Варуфакис потоа отишол до влезот на ресторанот за да разговара со нив, но потоа неколку маскирани лица го нападнале, го фрлиле на земја и почнале да го удираат со клоци по телото и лицето, пренесуваат грчките медиуми.

По нападот, Варуфакис бил пренесен во болница, каде што било констатирано дека му е скршен носот.

Варуфакис на Твитер изрази благодарност за солидарноста што ја добил по нападот.

Тој ги негирал информациите дека напаѓачите биле автономисти, анархисти или левичари.

Според него, станува збор за однапред ангажирани насилници кои го обвиниле дека среде должничката криза во 2015 година, кога бил министер за финансии, ја продавал Грција на странски земји.

„Тие беа платеници (и така изгледаше) кои невешто ја повторуваа лагата дека сум се продал. Не дозволуваме да не поделат. Напред!“, напишал Варуфакис.

Неговата партија го нарече нападот „дрзок фашистички напад од провокативни насилници“.

Варуфакис веќе бил жртва на сличен напад пред истиот ресторан во 2015 година.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

На Западниот Брег израелски војници убија 16-годишен Палестинец

Следно

Авганистан: Во експлозија на бомба загина 1, повредени 8 лица, претежно новинари

Latest from Blog