Пресуда за родителите на малолетниот убиец во маскрот во „Рибникар“ – 14 и пол години за татко му, три за мајка му

December 30, 2024
1 min read

14.5 години затвор за таткото и 3 години за мајката на коста кецмановиќ…вишиот суд во белград ги осуди родителите на масовниот убиец од основното училиште владисслав рибникар, Владимир и Миљана, на неколкугодишни казни затвор…Таткото на Коста е осуден поради несоодветно чување на оружјето во својот стан а заедно со Миљана, прогласени се за виновни и за кривичното дело, злоставување и занемарување на малолетно дете…

Иако родителите на самиот почеток не беа обвинети за ова кривично дело, јавното обвинителство во октомври го прошири обвинението по сведочењето на нивниот син …Затворска казна од 15 месеци доби и инструкторот по стрелаштво, поради лажно сведочење…

Виш суд во Белград

Обвинетиот Владимир Кечмановиќ, е осуден на 12 години затвор за кривично дело Тешко дело против општата безбедност од чл.288 ст.2 во врска со чл.278 ст.1 од Кривичниот законик и казна затвор во траење од 3 години за кривично дело Запуштање и злоупотреба на малолетно лице од член 193 став 1 од Кривичниот законик, на единствена затворска казна од 14 години и 6 месеци. Обвинетата Миљана Кечмановиќ е осудена на затвор во траење од 3 години, додека обвинетиот Немања Маринковиќ е осуден на 1 година и 3 месеци.

 

Родителите на убиените деца очекуваа високи казни но велат дека и без разлика на одлуката на судот, нивните животи засекогаш се променија на кобниот 3- ти мај…

 

Анѓелко Аќимовиќ – татко на убиено дете

„Очекуваме осудителна пресуда. Ние веќе и без тоа сме осудени на доживотна тага.“

Во меѓувреме, заврши и граѓанска постапка против родителите на момчето кое го изврши масовното убиство…Адвокатот на семејствата бара изрекување казна која треба да донесе ред во општетството, предупредувајќи дека ова не е уште една обична постапка, туку пресвртница во општествената свест и одговорност..

 

Огњен Божовиќ, адвокат на семејствата

“ Масовното убиство во училиштето засекогаш ги промени животите не само на убиените родители, туку и на сите нивни семејства, соседи и општество. Судот треба да испрати порака дека ваквото однесување не е прифатливо.“

На 3-ти мај минатата година, коста кецмановиќ, влезе во школото каде што учел и со пиштол на својот татко, уби девет соученици и вработен во обезбедувањето…Во нападот, повредени беа уште пет деца како и наставник по историја… Малолетниот убиец нема кривично да одговара, бидејќи за време на убиствата, се уште немал наполнето 14 години.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Владата на Бугарија го одобри нацрт-договорот со Северна Македонија за изградба на заедничкиот железнички тунел „Деве Баир“

Следно

Ако Тошковски не знае каде е Груби, нека го праша Ахмети

Latest from Blog

Младеновиќ отпадна од конечниот список на Лазаров за Мундијалот

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кире Лазаров изврши уште една измена во составот кој ќе настапи на Светското првенство кое ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка. Лазаров го остава

Меѓу војниците на израелската Армија зголемен бројот на самоубиства

КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) – Дваесет и осум израелски војници извршиле самоубиство од избувнувањето на војната во Газа во октомври 2023 година, објави Армијата, пренесува Анадолу. Во военото соопштение се вели дека 17

Мицкоски: Наместо ние да се европеизираме, процесот на пристапување во ЕУ се балканизираше

Процесот на пристапување во Европската унија со ваквиот начин на одлучување се балканизираше, наместо ние да се европеизираме, вели во новогодишното интервју за МИА премиерот Христијан Мицкоски, кој нагласи дека ниту еден

Првото бебе од Крива Паланка е машко, се роди вчера на Гинекологијата во Чаир

Првото бебе родено во новата година, жител на Крива Паланка, се роди вчера попладне, на гинеколошко – акушерската болница во Чаир, Скопје. Момчето го донесе на свет по природен пат, 25-годишната мајка
Go toTop