„Престанете со финансирање на геноцидот“: Жителите на Ирска протестираа против продажбата на израелски обврзници

1 min read

ДАБЛИН (АА) – Граѓаните кои се противат на продажбата на израелските воени обврзници во Ирска денес одржаа протест под банерот „Стоп за финансирање на геноцидот“, јавува Анадолу.

Демонстрациите беа организирани од страна на Ирско-палестинската кампања за солидарност (IPSC) пред зградата на Централната банка на Ирска во Даблин.

Демонстрантите рекоа дека одобрувањето на израелските обврзници од страна на ирската Централна банка е неетичко и повикаа на стопирање на нивната продажба низ Европа.

Ирска, која заедно со Норвешка и Шпанија ја призна Палестина во мај, е матична земја на израелските обврзници продавани во Европската Унија, а Централната банка на Ирска е назначена како надлежен орган за одобрување на проспектите на хартиите од вредност.

Се наведува дека обврзниците се користени како средство за поддршка на бруталните воени активности на Израел во Газа и Либан.

Независната сенаторка Алис Мери Хигинс, која присуствуваше на протестот, за Анадолу изјави дека поддршката за Израел од страна на Централната банка на Ирска е сериозно кршење на меѓународното право.

Хигинс рече дека обврзниците, кои претходно се продаваа преку Велика Британија, ги презела Ирска по Брегзит.

Таа истакна дека Ирска „не треба да биде олеснувач ниту соучесник“ во протокот на пари и оружје.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Мицкоски утре ќе присуствува на поставување на камен темелник за надградба на ООУ „Ацо Шопов“

Следно

Американските конгресмени Флорс и Скагс: Во интерес на САД е Македонија да биде целосно интегрирана во европскиот систем

Latest from Blog