Премиерот нема да земе повисока плата – СДСМ: Мицкоски вети намалување на функционерските плати

October 29, 2024
1 min read

Владата не се откажува од зголемувањето на платите на функционерите за 78%, но ќе работи во иднина тие да не се покачат повторно. Со новата пресметка, на функционерите од јануари им следува ново зголемување кое варира од 130 до 330 евра.

„Едно е сигурно, покрај една работа дека еден ден ќе заминеме сите од овој свет, е дека од догодина нема да има зголемување на платите на функционерите“, вели Христијан Мицкоски.

Засега е неизвесно дали тоа ќе се случи преку законски измени во Собранието.

„Како? Најверојатно ќе биде со корекција на коефициентите“, додава Христијан Мицкоски.

Од друга страна, опозициската СДСМ обвини дека опозиционерот Мицкоски не го познавал Мицкоски кој е на власт.

„Во интервју за Сител Телевизија на 17.08.2023 година, Мицкоски ќе вети пред граѓаните дека ќе ги ревидира и ќе ги намали платите на фунционерите доколку граѓаните му ја дадат довербата, за што ќе предложат и конкретен закон. Еве Мицкоски е премиер, поминаа 4 месеци како ја предводи Владата, нема ниту збор за ветеното намалување и ревизија на платите на функционерите“, велат од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ претходно истакнаа дека нивна цел е да се подобри животниот стандард и на прашањето дали ќе го поништат зголемувањето одговорија дека работат да нема толкави разлики во платите какви што ги има. Инаку, Уставниот суд лани укина два члена од Законот за плата и надоместоци на функционерите и со тоа отвори пат за зголемување на платите на над 1000 функционери за дури 78 отсто. Министерската плата стигна до 115 илјади денари, а просечната плата во земјава изнесува околу 41 илјада.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Политичко рекламирање за време на избори: Закупете банери за да не ве критикуваме

Следно

Димитриеска-Кочоска: Нема причина за сомнеж, капиталните инвестиции се реални и ќе бидат реализирани

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop