Премиерот Мицкоски дециден: Никој не го нападнал бугарскиот „новинар“ Перев

November 26, 2025
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека вчера имал консултации во врска со пријавата од новинарот и публицист Владимир Перев (80), дека бил објект на вербален и физички напад од непознато лице во Скопје и истакна дека апсолутно отфрла оти имало каков било напад.

Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за реакциите од Софија во врска со Перев, рече дека некој може да накисне на дождот надвор и тоа да го окарактеризира како хибриден напад од страна на Владата.

– Може некој да накисне на дождот и надвор и тоа да биде хибриден напад од страна на Владата, со кој што се загрозува интегративнот процес. Ако некој одлучил да се самоповреди и тоа да го прикаже како напад, хибриден или не знам каков, тоа е друга работа. Видете, не очекувајте дека ќе имаме црвен тепих и дека нема да се прават конструкции и инженеринг, на тоа сме навикнати. Инаку, имав консултации во текот на вчерашниот ден и апсолутно отфрлам дека е направен каков било напад врз лицето, кое го споменувате – изјави Мицкоски пред почетокот на Националниот форум – саем на граѓански организации „Соработка помеѓу Владата и граѓанското општество“.

МВР вчера објави дека постапува по случајот пријавен од новинарот и публицист Владимир Перев (80), дека бил објект на вербален и физички напад од непознато лице во Скопје.

Во колумна објавена на порталот Трибуна.мк, Перев објави дека бил нападнат од маж на околу 40 години кој заедно со него чекал во редот на касата во маркетот. Нападот, како што тврди, бил мотивиран од неговата припадност кон бугарската заедница.

Инцидентот се случил во петокот, а полицијата објави дека презема мерки за расчистување на случајот.

За овој случај се огласи и бугарското МНР. Во соопштението објавено на неговата веб страница се бара надлежните органи во Република  Македонија да преземат навремени и ефикасни мерки за истрага и правда.

По социјалните мрежи одамна се шегуваат дека најверојатно Перев преку ред влетал на каса, па реакцијата на граѓаните кои чекале во редот ја „протолкувал“ како напад врз неговата бугарштина. Натамошната рекација ан Бугарија е само класичен пример како од  мравка се прави слон, безвезен аргумент кој ќе го користат и во Европскиот парламент и во ЕУ. Бугарска патетична класика…

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Коњановски: Секоe дете заслужува модерен и безбеден простор

Latest from Blog

Коњановски: Секоe дете заслужува модерен и безбеден простор

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, соопшти дека општината континуирано инвестира во зголемување на капацитетите на детските градинки, со цел да одговори на зголемените потреби на родителите и подобрување на условите за

По успехот на „Злобница 2“ на киноблагајните, најавени нови продолженија

По почетниот извонреден успех на „Злобница 2“ (Wicked: For Good’s), продукциската куќа „Јуниверзал пикчрс“ (Universal Pictures), се чини, е подготвена за повеќе приказни од „Земјата на Оз“. Имено, Мајкл Мозес – маркетинг-директор

СЛОВЕНИЈА ИЗГЛАСА олеснување за македонските граѓани: ПРИЗНАЕНИ ВОЗАЧКИТЕ ДОЗВОЛИ без практичен испит

Словенија усвои измени на Законот за возачи, со кои на сопствениците на возачки дозволи издадени во Македонија им се овозможува замена на документот без полагање на практичниот дел од испитот, под услов
Go toTop