Премиер лигата најавува чекор понатаму во истрагата против Манчестер Сити

April 26, 2024
1 min read

Помина повеќе од една година откако Премиер лигата го обвини Манчестер Сити за кршење на финансискиот фер-плеј, а англискиот шампион, и неодамна соборениот европски првак, допрва треба да бидат казнети за нивното дело.

„Граѓаните“ се товарат за финансиски прекршоци од сезоната 2009/2010 до сезоната 2017/2018, на крајот од четиригодишната истрага имаше 115 обвиненија, а сега клубот од „Етихад“ конечно би можел да се најде под рефлекторите поконкретно отколку досега.

Првиот човек на Премиер лигата, Ричард Мастерс, изјави дека сослушувањето во случајот со Манчестер Сити „ќе се одржи во блиска иднина“, како што објави новинарот на „Телеграф“ Бен Рамсби на својот профил на „X“.

Без разлика што во споменатиот цитат не е наведен ден, недела, месец, па дури и одредена година, некои толкувања велат дека тоа е можно да се случи до крајот на 2024 година. Веројатно наесен, датум за кој веќе се шпекулираше.

Времето ќе покаже кога навистина ќе започне судењето и дали пребогатиот клуб, со странски акционерски капитал, навистина ќе трпи соодветни последици за неодговорното работење. Во меѓувреме, тимот игра натпреварувачки игри како ништо да не се случило.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Одложено судењето против Мерко за набавката на луксузното Ауди А6

Следно

Таировиќ само што ја откри врската со телохранителот, а веќе блесна и во луксузна венчаница покрај него! (ФОТО)

Latest from Blog

Припадниците на овие хороскопски знаци се најискрените луѓе што можете да ги запознаете

Искреноста не им доаѓа природно на сите, некои се кријат зад учтиви фрази, други избираат тишина кога треба да зборуваат. Но, овие хороскопски знаци не знаат друг начин освен да бидат искрени.

Мицкоски: Граѓаните знаат Филипче никогаш не бил со народот, туку со Заев кои ги гледавме како крстарат со луксузни јахти по Егејското крајбрежје

На прагот сме на уште едни избори на кои се носи одлуката за вашата иднина. Ова с избори од кои зависи како ќе се развива вашата општина, вашето маало, вашата улица. Од

Меџити до Османи: Ќе почнеш ли со рушење од твојата дивоградба во Топанско Поле?

Вечерва, во предизборната дебата на „Топ Тема“ на телевизија Телма, кандидатот за градоначалник на општина Чаир од ВЛЕН, Изет Меџити, се осврна на проблемот со дивоградбите во општината. Тој го праша Бујар

Тоневски најавува развој: населба за млади брачни парови, базен и Дом за стари лица

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Тоневски, на денешниот митинг во рамките на изборната кампања под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!, истакна

Ѓуровски: На Пикси му пресуди тврдоглавоста, Милојевиќ е најдобар избор за селектор

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Бошко Ѓуровски, истакна дека лошото расположение во српската репрезентација нема да влијае на негативен исход од вечерашното гостување во Андора. За Ѓуровски, нема сомнение дека Драган
Go toTop