Прекуграничната соработка си работи: „Трите тенори и уште нешто…“ од Благоевград, Бугарија, во Крива Паланка

1 min read

На 17 октомври, четврток, со почеток во 19, 30 часот , во НУ Центар за култура Крива Паланка, ќе се одржи музичко – сценска вечер насловена „Трите тенори и уште нешто…“ на која ќе настапи Камерната опера од Благоевград, Бугарија.

Главни гсоти се трите тенори Јуриј Николов, Михаил Михајлов и Георги Динев, придружувани од оркестарот на Камерната опера Благоевград. Концерт мајстор  е Стоил Богданов, а  диригент Георги Еленков

На програмата се дела од Верди, Пучини, Доницети, Чилеа, Лара, Денца,  Рота, Дала и други.

Оперниот спектакл „Трите тенори и уште нешто…“ е дел од манифестацијата „Есенски музички  вибрации“ и „Крива Паланка – Град на културата“.

Влезот е слободен за сите посетители.

ИЗВОР: racin.mk

Претходно

Петрушевски: ДУИ сами прифатија укинување на балансерот, сега наместо да манипулираат, да се реформираат, заради нив државата ја напуштија стотина илјади граѓани

Следно

„Александар од прв момент тврдеше дека Вања е киднапирана“, вели мајката Зорица

Latest from Blog