Предадени речиси 6 000 парчиња нелегално оружје во првите три дена од кампањата на српското МВР

May 11, 2023
1 min read

Покрај оружјето, од 8 мај, кога започна акцијата, досега се предадени и 290 572 парчиња муниција, како и 488 минско-експлозивни средства. Кампањата на српското МВР уследи по двете масовни убиства што се случија белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ и во селата кај Младеновац и Смедерево

Во првите три дена од кампањата на српското Министерство за внатрешни работи за предавање на нелегално оружје и муниција, предадени се 5 937 парчиња оружје, соопшти денеска Министерството, пренесува РТС.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија (илустративна фотографија)/Фото: Архива

Српското МВР на својот официјален профил на Инстаграм објави дека покрај речиси 6 000 парчиња оружје, од 8 мај, кога започна акцијата, предадени се и 290 572 парчиња муниција, како и 468 минско-експлозивни средства.

„МВР ги повикува граѓаните до 8 јуни да го предадат нерегистрираното оружје и експлозивните направи во најблиската полициска станица или да да ги повикаат полициските службеници да дојдат на посочена адреса и да го преземат“,

се наведува во објавата.

Објавата на српското МВР

Министерството објави и видеопорака во рамките на кампањата за доброволно предавање на оружје.

Според проценките на српската полиција, околу половина милион луѓе во земјата нелегално поседуваат оружје.

Граѓаните на Србија до 8 јуни ќе можат без санкции да го предадат нерегистрираното оружје во најблиската полициска станица. Во тој период граѓаните кои ќе го предадат нерегистрираното оружје нема да одговараат, ниту кривично ниту ќе сносат некакви последици и не мора да го докажуваат потеклото на оружјето.

Кампањата на српското Министерство за внатрешни работи за предавање на нелегалното оружје уследи по двете масовни убиства што се случија белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ и во селата кај Младеновац и Смедерево. Во двата масакри беа убиени 17 лица, а над 20 беа ранети.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Иран и Ирак потпишаа договор за енергетска соработка

Следно

Пакистан: Деветмина загинати за време на протестите по приведувањето на Имран Кан

Latest from Blog

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе

Клековски им порача на крушевчани дека со смената на локалната власт во градот ќе направат уште повеќе

Членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Клековски денеска во посета на крушевските села и на самото Крушево со ветување дека кога ќе ја преземат локалната власт, ќе направат уште повеќе за

ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата. Младиот германски

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди
Go toTop