Правната и политичката фела поделени за судирот меѓу Уставот и Изборниот законик

May 13, 2024
1 min read

Министерот за правда, Кренар Лога осврнувајќи се на заклетвата на претседателката Гордана Силјановска-Давкова на својот Фејсбук-профил сподели видео од првата заклетва на поранешниот американскиот претседател Барак Обама која не одела според планот.

Лога порачува.

„Кога можат САД и Обама, можат и Северна Македонија и Силјановска.“ – рече Лога.

Со реакција за неупотребата на уставното име за време на заклетвата од страна на новата македонска претседателка се јавија и од коалицијата „Вреди“, потенцијалниот партнер на ВМРО-ДПМНЕ за нова влада. Од таму порачуваат дека на Македонија не и треба отварање на стари рани.

„Не ни треба отворање на старите рани. Затоа, добро е што новата претседателка ја потпиша заклетвата со уставното име, што сепак е знак дека реалноста де факто е прифатена од неа.“ -велат од Вреди.

И правници и политичари поделени. Докторот на правни науки Тито Беличанец смета дека е прекршен и Уставот и научната и академската чесност.

„Избраниот претседател Силјановска грубо го прекрши Уставот бидејќи не се заколна на уставното име туку на име на државата кое престанало да важи. Исто така ја прекрши светата заклетва како редовен професор по уставно право, дека секогаш и по секоја цена ќе го заштитува Уставот.“ – вели Беличанец. 

Професорката по уставно право Тања Каракамишева укажува дека текстот на свечената изјава е напишан само во Изборниот законик, не и во Уставот, а претседателката изговорила токму таков текст.

„Членот 123 од важечкиот Изборен законик го содржи текстот на свечената изјава што претседателката требаше да го каже во својата заклетва, и го кажа. Тој гласи: …Изјавувам дека функцијата претседател на Република Македонија ќе ја вршам совесно и одговорно.“ – напиша професорката Тања Каракамишева.

 

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Украина: Фатена е група руски агенти кои планирале терористички напади во Киев

Следно

Џастин Трудо создава терен за ужасна дистопија

Latest from Blog

ДЗР: Од 34 општини, гуп-овите на 22 не го исполнуваат стандардот за озеленетост од 25 м2 по глава на жител

Од 34 дури 22 oпштини не го исполнуваат препорачаниот стандард за зеленило од 25 метри квадратни по глава на жител. Ова го покажува најновиот извештај на Државниот завод за ревизија на тема

Генералниот секретар на НАТО, Руте: Турција е цврст и способен сојузник

ИСТАНБУЛ (АА) — Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ја нарече Турција цврст и способен сојузник, по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во турската престолнина Анкара, јавува Анадолу. „Разговаравме и

Кривична пријава против измамник од Скопје, измамил две лица за над 100.000 евра

СВР Куманово  поднесе кривична пријава против Ф.С.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело “измама” по член 247 од Кривичниот законик. Имено, Ф.С. како вработен во приватна фирма
Go toTop