Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

July 13, 2025
1 min read

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на отворено, од кои два сè уште се активни, четири се ставени под контрола, а 22 се целосно изгаснати.

Активни се пожарите кај селото Николич во општина Дојран, каде што гори нискостеблеста шума, и во Чучер Сандево, на тешко достапен терен меѓу селата Горњани и Блаце, каде се работи за шумски пожар од поголем обем.

„На терен се ангажирани сите расположливи ресурси – противпожарни единици, шумска полиција и волонтери. Ситуацијата е под внимателен надзор, особено во регионите со активни пожари“, информираат од ЦУК.

Во текот на ноќта, четири пожари се ставени под контрола, и тоа кај:

  • Црешнево, Крапа и Локвица (општина Македонски Брод),
  • с. Слатино (исто во Македонски Брод),
  • с. Џидимирци (Велешко),
  • с. Перово (Ресен), каде што гореше трска и деградирана шума.

Пожарите биле најчести во западна и југоисточна Македонија, со интервенции во региони како Струга, Штип, Куманово, Гевгелија, Кичево, Охрид, Виница и Македонски Брод. Запалени биле депонии, ниска вегетација и шумски површини.

Од ЦУК повторно апелираат до граѓаните да не палат оган на отворено, посочувајќи дека при вакви температури дури и мала искра може да предизвика сериозен пожар. Секој сомнителен чад или пламен треба веднаш да се пријави.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Следно

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Latest from Blog

Обвинителство покрена постапка за нападот врз градоначалничката Арсовска

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против две лица, осомничени за кривично дело „Насилство“, во врска со неодамнешниот инцидент во кој беше нападната градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Според информациите

Иранскиот претседател бил повреден за време на војната со Израел

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан за малку избегнал смрт за време на 12-дневната војна со Израел, пренесе ДПА, повикувајќи се на ирански медиуми. Иранската новинска агенција „Фарс“ јави дека израелските воздушни сили бомбардирале

Израелската армија приведе 16 Палестинци во рации на Западниот Брег и Источен Ерусалим

РАМАЛА (АА) – Израелската армија приведе најмалку 16 Палестинци во рации врз домови во окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим, известува Анадолу. Според информациите што ги објави официјалната палестинска новинска агенција ВАФА,

СВР Битола ги расчисти околностите за тројното убиство во Прилеп

Во врска со кривично правниот настан -Убиство и самоубиство, случен на 12.07.2025 година во Прилеп, според првичните сознанијата со кои во моментот располага СВР Битола-ОВР Прилеп се следните: На 12.07.2025 година околу
Go toTop