Пожар во соблекувална го одложи почетокот на дуелот Емполи – Лече

1 min read

Почетокот на натпреварот во Серија А меѓу Емполи и Лече е одложен за час, откако вечерва на изби пожар во една од соблекувалните на стадионот.

Италијанската лига на своите социјалните мрежи наведе дека дуелот е одложен за еден час поради „безбедносни причини“.

Клубот од Лече на Твитер појасни дека до одложување на стартот дошло поради „краток спој во соблекувалната на домашната екипа“ Емполи.

Италијанските медиуми јавија дека противпожарните служби интервенирале поради „почеток на пожар“ во простор на соблекувална, кој брзо е ставен под контрола.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

СКАНДАЛ ВО СРБИЈА: Навивач со САТАР истрча на теренот и застана меѓу играчите и судијата – едвај го смирија! (ВИДЕО)

Следно

Италијанската крабрежна стража со хеликоптер спасила 32 мигранти од пуст остров крај Лампедуза

Latest from Blog