Пожар избил синоќа во кругот на болницата во Битола

July 8, 2025
1 min read

Министерството за здравство информира дека синоќа во кругот на Клиничката болница „Др. Трифун Пановски“ – Битола, изби пожар како резултат на запалена сува трева. Пожарот веднаш беше пријавен во Центарот за управување со кризи и противпожарната станица, по што надлежните служби навремено и ефикасно интервенираа и го локализираа во најкраток можен рок.

Од Болницата се преземени сите неопходни мерки за заштита и следење на ситуацијата. Нема материјална штета врз болничките објекти, ниту е загрозена безбедноста на пациентите и вработените. Работата на болницата се одвива непречено.

Интервенцијата траеше кратко и беше целосно завршена без потреба од евакуација или дополнителни безбедносни мерки.

Министерството за здравство континуирано ја следи состојбата во сите јавни здравствени установи.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Европратениците денеска ќе дебатираат по Предлог-извештајот на Вајц за Македонија, ќе гласаат утре

Следно

Најмалку 17 Палестинци се убиени во израелските напади врз Газа од утринските часови

Latest from Blog

Нормализиран е сообраќајот на патиштата и клучките што беа затворени заради пожари

Сообраќајот на експресениот пат Ранковце-Крива Паланка изутрина во 06:00 часот е нормализиран  во двата правца, информира АМСМ.  Сообраќајот на потегот од Клучка Орман до Клучка Мирковци е пуштен за редовен сообраќај, исто

Серхио Љуљ пред нов потпис

Легендарниот шпански кошаркар, Серхио Љуљ (37), засега не планира да се пензионира, бидејќи ќе продолжи да игра за Реал Мадрид и следната сезона. Се очекуваше да ѝ стави крај на кариерата по
Go toTop