Повикан и сообраќаен вештак за утврдување на причините за тешката несреќа кај Катланово

1 min read

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и увидни екипи на МВР вечерва вршат увид на лице место на тешката сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес.

На местото на несреќата е повикан и сообраќаен вештак за утврдување на причините.

Се преземаат увидни дејствија, а јавниот обвинител ќе ги издаде сите потребни наредби за вештачења.

Од Министерството за внатрешни работи претходно истакнаа дека има три загинати лица.

„Во 17.45 ч. пријавено е дека на автопат Скопје -Велес, пред тунелот, се превртело комбе. Досега е констатирана смрт кај три лица, а пет се пренесени во болница за укажување помош. На лице место се упатени полициски екипи и јавен обвинител”, велат од МВР.

ИЗВОР: ТВ 21

Претходно

Сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Велес, сообраќајот се пренасочува кон стариот пат

Следно

Барселона должи 147 милиони евра за трансфери

Latest from Blog