Повеќе од 70.000 вработени во универзитетите во Велика Британија ќе штрајкуваат 18 дена

January 12, 2023
1 min read

Повеќе од 70.000 вработени во 150 универзитети ширум Велика Британија ќе штрајкуваат 18 дена меѓу февруари и март доколку во меѓувреме не се постигне договор за зголемување на платите и подобрување на условите за работа, соопшти денеска Синдикатот на универзитетите и колеџите.

Од синдикатот изјавија дека се ближи рокот во кој универзитетскиот сектор треба да се договори за зголемување на платите, или во спротивно ќе се организира штрајк.

Генералниот секретар на Синдикатот на универзитетите и колеџите, Џо Грејди рече дека синдикатот бара зголемување на платите откако работодавците одобрија пораст од само три проценти во време кога инфлацијата е двоцифрена.

Во Велика Британија минатиот месец почна најголемиот бран штрајкови во последните децении во голем број сектори, вклучувајќи ги здравството, железничките и граничните служби, а работниците бараат зголемување на платите во согласност со инфлацијата, која е на највисоко ниво во последните 40 години и достигна 10,7 отсто во ноември.

Британската Влада соопшти дека зголемувањето на платите во согласност со зголемената инфлација само ќе поттикне натамошно зголемување на цените и каматните стапки на отплатата на хипотеките.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Попов: Владата треба да реагира со робусна акција и сериозна стратегија за справување со загадувањето, мерките на СДСМ се популистички

Следно

Специјален истражител ќе го разгледа начинот на кој Бајден постапува со доверливите документи

Latest from Blog

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и

Макрон повика на контрамерки поради царините на САД доколку не се постигне договор

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 30 отсто на увозот од ЕУ и ја повика Европската комисија да подготви соодветни контрамерки

Филипче: Власта има 1.8 милиони евра за кампањи, но нема средства за семејствата на настраданите во Кочани

На средбата се разговараше за потребата од државна  поддршка  за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани. Претседателот Филипче посочи дека власта не прифати ниту еден  предлог на СДСМ за помош за

Барди ќе го носи дресот на Коњаспор

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди денеска беше претставен како нов играч на Коњаспор. Тој во следните две сезони ќе го носи дресот на овој турски тим. Ова воедно ќе биде
Go toTop