Повеќе од 40.000 луѓе го напуштија главниот град на Хаити во изминатите 10 дена поради насилство на бандите

November 27, 2024
1 min read

Повеќе од 40.000 луѓе го напуштија главниот град на Хаити, Порт о Пренс во изминатите 10 дена поради ново избивање на насилство од вооружени банди, соопшти Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

Канцеларијата на ОН ја опиша ситуацијата со раселувањето на луѓето поради насилство како најлоша во изминатите две години.

Вкупно 40.965 луѓе го напуштија главниот град меѓу 11 и 20 ноември како резултат на насилството, објави ИОМ.

„Степенот на ова раселување е без преседан од почетокот на нашиот одговор на хуманитарната криза на Хаити во 2022 година“, коментираше Грегоар Гудштајн, шеф на ИОМ на Хаити, во соопштени.

Над 700.000 луѓе се раселени вкупно во оваа сиромашна карипска земја. „Оваа криза не е само хуманитарен предизвик, таа е тест за нашата колективна одговорност“, рече Гудштајн, нагласувајќи ги тешкотиите со кои се соочуваат тимовите на ОН.

Хаити со децении страда од политичка нестабилност и безбедносна криза поради вооружените банди обвинети за убиства, киднапирања и сексуално насилство. Во изминатите две недели, Порт-о-Пренс и соседните општини се соочија со нов наплив на насилство, поттикнат од сојузот на банди формиран во февруари, што успеа да го собори тогашниот премиер Ариел Анри.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

Следно

„6-та мајка“ на бугарскиот Парламент да избере претседател

Latest from Blog

Македонец загина, а друг е тешко повреден во превртен автомобил на автопатот Нови Сад – Суботица

Едно лице го загуби животот, а друго е со тешки телесни повреди во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска во раните утрински часови на делницата помеѓу клучката Жедничка и наплатната станица

Од патарини инкасирани над 30 милиони евра за половина година, поголема достапност на М-ТАГ уредот

Од патарини во првата половина од годинава се наплатени 1.900.255.930 денари (30,89 милиони евра) за 78 милиони денари повеќе во однос на истиот период од минатата година. Евидентираниот раст на електронската наплата

ВИДЕО: Аплаузи и многу емоции, телата на Диого Жота и Андре Силва доцна синоќа пречекани во родниот Гондомар

Тишината низ улиците на Гондомар, родниот град на браќата Диого Жота и Андре Силва, синоќа во 23:30 часот беше прекината во моментот кога се слушнаа полициските сирени. Насобраните луѓе, обожаватели и почитувачи
Go toTop