Потпишан грантот од ЕИБ за изградба на пречистителната станица 22.3.2023

March 22, 2023
1 min read

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, Секретарот на Град Скопје, Зоран Глигоров и Директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Драган Илиевски, во пресрет на одбележување на Светскиот ден на водата, 22 март, присуствуваа на церемонијата за потпишување грант во вредност од 69,784,283 € за изградба на пречистителна станица во Скопје, проект означен како најголем еколошки капитален проект за Скопје кој со поддршка на Европската Делегација, Европската Банка за Обнова и Развој, Европската Инвестициона Банка и Инвестиционата рамка за Западен Балкан (WBIF) – ИФИ Канцеларијата за координација (IFICO) ќе овозможи третман на урбаните отпадни води согласно ЕУ стандардите.

На церемонијата на потпишување присуствуваа и вицепремиерот Бојан Маричиќ, Н.Е. Дејвид Гир, Амбасадор на Европската унија во Македонија, Лилјана Павлова, заменик претседател на Европската инвестициска банка, Фатмир Бесими, министер за финансии, Каја Шукова, министер за животната средина.

Пречистителната станица ќе биде една од најсовремените пречистителни станици за третман на отпадни води во регионот. Истата ќе биде во согласност со главните критериуми од постојните и предложените европски директиви за отпадни води и може да се очекува да обезбеди софистициран третман на отпадните води од градот. Значително ќе го подобри квалитетот на водата во реката Вардар и животната средина. Одредбата за одржливост во однос на користењето на енергијата е особено импресивна. Се очекува дека пречистителната станица ќе биде самоодржлива од аспект на потрошувачка на електрична енергија, дополнително ќе може да произведе и вишок енергија која би се продавала на националната електрична мрежа.

Градот Скопје ја цени улогата и заложбата на Европската инвестициска банка, Европската Банка за обнова и развој како и на институциите на Европската Унија во насока на обезбедување и подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани на Р.Маекдонија како и на граѓаните на градот Скопје. Со овој проект се овозможува интегрирано управување со отпадните води чија Европска посветеност лежи во поддршката на глобалните, регионални и локални визии за одржлив развој.

Градот Скопје е одговорна институција, институција во која важат законите, процедурите и системските решенија наспроти политичките манипулации и инсинуации. Граѓаните на градот Скопје имаат право да живеат во модерен град во кој сите имаат еднакви можности.

ИЗВОР: skopje.gov.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мицкоски на средба со кинескиот амбасадор: Негирањето на идентитетот и самобитноста на украинскиот народ од руска страна, наликува на бугарското негирање на посебноста и самобитноста на македонскиот јазик

Следно

Арсовска: Пречистителната станица во Скопје е најголемиот еко капитален проект во државава и регионот

Latest from Blog

Се запали галијата во реката Вардар во Скопје

Пожар вечерва ја зафати галијата кај Холидеј Ин која се наоѓа на реката Вардар во центарот на Скопје, јавува МИА. Интервенирано било со противпожарно возило, и нема опасност за проширување. Причинета е

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните нс Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барањата

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на три барања. Барањата се – распишување вонредни парламентарни избори, распуштање на „собирот“

ФФМ и Ла Лига ќе градат долгорочно партнерство

Можностите за идна соработка, особено во делот на едукација и развој на млади тренери, ги разгледаа денеска на средба во Скопје претставници на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и шпанската Ла Лига.

Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга на коридорот 10

Постои сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на коридорот 10, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Очекувам дека ќе има конкуренција

Мицкоски до Кос: Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан признание за новата енергија со која Владата ги води реформите

Премиерот Христијан Мицкоски на средбата попладнево во Владата со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, ја истакнал определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински
Go toTop