Поројниот дожд предизвика поплави во Окленд

January 27, 2023
1 min read

Поројниот  дожд на Нов Зеланд предизвикаа поплави во најголемиот град, Окленд.

Цивилната одбрана на Нов Зеланд ги предупреди околу 1,6 милиони жители на Окленд  да се засолнат од надојдената вода.

Според Националниот институт за истражување на водата и атмосферата во Окленд наврнале 80 проценти повеќе од просечните летни врнежи.

-Можно е во делови на Окленд да наврне дожд во еден ден колку за цело лето, соопшти Институтот.

Пожарникарите и итните служби соопштија дека екипите реагирале на повеќе од 1.000 повици за помош од луѓето погодени од дождот. Пожарникарите користат кајаци и џет скии за да ги спасат луѓето заглавени во домовите во делови од Западен Окленд.

Поради дождот и поплавите откажан е и концертот на Елтон Џон,  само неколку моменти пред пејачот да излезе на сцена.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО) Камери во автобусот го снимиле моментот кога тој паднал во езеро во Турција

Следно

Национална кампања „Запознајте ги ретките болести“ во февруари

Latest from Blog

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето
Go toTop