Порасна бројот на одобренија за градба

December 10, 2024
1 min read

Во октомври 2024 година, бројот на издадени одобренија за градење порасна на 363, што претставува зголемување од 11.7% споредено со истиот месец минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Предвидената вредност на овие објекти изнесува 8.47 милијарди денари, што е за 12.3% повеќе во однос на октомври 2023 година.

Од издадените одобренија, 216 или 59.5% се наменети за објекти од високоградба, 75 (20.7%) за нискоградба, и 72 (19.8%) за реконструкција.

Инвеститорите се поделени на физички лица, кои учествуваат со 61.4% (223 објекти), и деловни субјекти, кои вложуваат во 38.6% (140 објекти) од градежните проекти.

Во текот на овој период се планира изградба на 913 станови со вкупна корисна површина од 81 247 м².

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мисајловски: Продолжуваме да инвестираме за потребите на Армијата, за заштита на нашите граѓани, за Македонија!

Следно

Владата уверува Законот за јазик нема да се чепка: „ДУИ го знае ова, но прави лажен притисок за да се фали“

Latest from Blog

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача

Прометот на Македонската берза 2,9 милиони денари, МБИ10 во раст од 0,19 отсто

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 16.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.168,17 поени. Во однос
Go toTop