Поранешниот премиер Димитар Ковачевски го поздрави укинувањето на Балансерот

1 min read

„Добро е што беше отстранет балансерот“, рече поранешниот премиер и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски во подкастот „Претрес со Ландов“, коментирајќи ја вчерашната одлука на Уставниот суд за укинување на „Балансерот“ како алатка.

– „Балансерот“ е решение кое произлезе од Охридскиот мировен договор и уставните измени. Но, потоа тој беше злоупотребен. Македонците се изјаснуваа за Албанци, Ромите за Турци, Албанците за Турци и тоа не даде резултат“, рече Ковачевски.

Актуерлниот пратеник конкретно не сакаше да ја коментира одлуката на уставните судии.

„Ова е одлука на Уставниот суд и не се коментира. Решението е готово. Добро е што беше отстранет балансерот бидејќи ќе треба ново решение“, рече Ковачевски.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Протест на Србите во Северна Митровица поради апсењето на политичарот Арсенијевиќ

Следно

СЕММ ќе промовира Прирачник за уредувачки насоки и најдобри практики за проверка на факти и безбедносни информации

Latest from Blog