Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас поднесе оставка како пратеник и го напушта Парламентот

October 6, 2025
1 min read

Во објавата на платформата Икс, Ципрас наведе дека ја напушта грчката собраниска сала, но не и политиката. Тој го соопштил решението и во писмо до претседателот на Парламентот, Никитас Какламанис.

Како причина за оставката, Ципрас посочува желба да се врати кон „општествена дејност, далеку од функции и партиски механизми“.

„Не можам и не сакам да учествувам во Парламент кој, демократски осиромашен и целосно подреден на одговорноста на мнозинството, не е во состојба да ја исполни улогата што му е доделена со Уставот и што ја очекуваат граѓаните“, напиша тој.

Телевизијата Скај коментира дека оставката на Ципрас го отвора патот за можност за формирање нова политичка платформа, иако поранешниот премиер нагласи дека нема намера да стане противник на своите поранешни партиски соработници.

Алексис Ципрас беше премиер во периодот 2015–2019 година, време кога Грција спроведуваше најстроги мерки на штедење поради финансиската криза. Неуспехот во обидот да ги испреговара условите на меѓународните кредитори, како што претходно вети, ја наруши довербата во него и во левицата.

По поразот на Сириза на парламентарните избори во 2023 година, тој поднесе оставка од лидерската позиција. Оттогаш неговите јавни настапи беа ретки, но повремено упатуваше критики кон сегашното раководство на партијата, кое не успеа да го сопре падот на нејзината поддршка меѓу гласачите.

Според изборниот редослед, местото на Ципрас во Парламентот треба да го заземе следниот кандидат од листата на Сириза – Теодорос Дрицас. Меѓутоа, Дрицас веќе премина во партијата Нова левица, формирана од поранешни членови на Сириза, па доколку го прифати мандатот, партијата ќе изгуби уште еден пратеник. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Македонските фудбалери се вратија дома пред дуелот со Белгија

Следно

Демант од „Булмак 2016“: Не постои никакво истекување или загадување во Тораница

Latest from Blog

Дознајте дали сте меѓу среќниците: Оние што се родени во една од овие години имаат „ѕвезда чувар“

Ако сте родени во годината на Змејот, Стаорецот, Коњот или Свињата, се смета дека сте родени под ѕвезда која носи сила, богатство и заштита на судбината. Кинескиот хороскоп постои повеќе од 2.000

Комерцијална банка, Алкалоид и Стопанска банка со најголем дневен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 6 октомври 2025 година, индексот МБИ10 забележа раст од 0,60%, достигнувајќи ниво од 10.318,14

Демант од „Булмак 2016“: Не постои никакво истекување или загадување во Тораница

Управата на рудниците Злетово и Тораница, компанијата „Булмак 2016“, најостро ги демантира и отфрла како целосно неточни објавите во дел од медиумите дека наводно се случил еколошки инцидент во рудникот Тораница, се

Македонските фудбалери се вратија дома пред дуелот со Белгија

А репрезентацијата на Македонија влегува во завршната фаза од квалификациите за Светското првенство 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Во октомври следуваат два клучни натпревари – гостувањето
Go toTop