Screenshot

Демант од „Булмак 2016“: Не постои никакво истекување или загадување во Тораница

October 6, 2025
1 min read

Управата на рудниците Злетово и Тораница, компанијата „Булмак 2016“, најостро ги демантира и отфрла како целосно неточни објавите во дел од медиумите дека наводно се случил еколошки инцидент во рудникот Тораница, се наведува во соопштението од  „Булмак 2016“, што Рацин.мк го пренесува интегрално.

Станува збор за невистинити и неточни информации, а дел од медиумите без никакви докази ја објавуваат и пренесуваат измислената информација за наводен еколошки инцидент.

Прво, веста дека е предизвикан еколошки инцидент е апсолутно невистинита. Најодговорно тврдиме дека не постои никакво истекување, инцидент или било каков еколошки прекршок што би можел да ја загрози животната средина или водите на Крива Река. Производствениот процес се одвива под континуиран надзор на стручните служби и во целосна согласност со А-интегрираната еколошка дозвола и важечката регулатива.

Второ, со оглед дека објавените содржини се темелат на невистини и предизвикуваат неоснована вознемиреност во јавноста, а истовремено нанесуваат сериозна штета на угледот и деловниот интегритет на компанијата, бараме веднаш да бидат повлечени сите објави со невистинити информации, како и да се објави јавно извинување и исправка на ист начин и на истото место каде што беа пласирани лажните тврдења.

Трето, „Булмак 2016“ повторно ја реафирмира својата посветеност на транспарентна соработка со сите медиуми, стоејќи на располагање за секое прашање од јавен интерес. Истовремено, како општествено одговорна компанија која се придржува до највисоки стандарди, нема да дозволиме да бидеме вовлечени во некоректни партиски пресметки и политички манипулации во пресрет на изборите.

Изразуваме жалење бидејќи ниту еден медиум досега не се обрати и не побара информации од нас како засегната страна.

Ги повикуваме медиумите да не објавуваат непроверени информации и да се воздржат од пренесување на наводи кои се измислени, а кои предизвикуваат забуна кај граѓаните и непотребна штета на нашиот колектив, вработени и локалната заедница.

„Булмак 2016“ ќе ги искористи сите законски и правни механизми доколку неточните информации не бидат повлечени и доколку не следи јавно извинување

— како од медиумите што ги објавија, така и од политичките субјекти кои тенденциозно се обидуваат да ја злоупотребат темата за дневнополитички цели.

Компанијата останува цврсто посветена на еколошката одговорност, законитоста и почитувањето на јавноста со која дели ист простор и ќе продолжи да ја гради довербата преку факти, а не преку манипулации.

„Булмак 2016“ останува посветена на транспарентност, законитост и одговорно работење во интерес на заедниците каде што функционира.

„Булмак 2016“

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас поднесе оставка како пратеник и го напушта Парламентот

Следно

Комерцијална банка, Алкалоид и Стопанска банка со најголем дневен промет

Latest from Blog

ВЛЕН со порака до ДУИ: Прво расчистете со Груби

Политичката партија ВЛЕН ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека преку критики за владините документи се обидува да го пренасочи вниманието на јавноста од случајот со поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.

Јамалов: Владата ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни инвестиции го развива туризмот и ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација, изјави Александар Јамалов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Развојот на туризмот е еден од стратешките

Коњановски: Инвестираме во улици, паркинзи и подобра инфраструктура за битолчани

Неколку инфраструктурни зафати беа реализирани изминатите денови во Битола, со кои градот доби три реконструирани улици и вкупно 98 нови паркинг места. Работите се изведуваа на повеќе локации, меѓу кои поранешната касарна,
Go toTop