Поранешната потпретседателка на Европскиот парламент пуштена во домашен притвор

April 14, 2023
1 min read

ЖЕНЕВА (АА) – Поранешната грчка потпретседателка на Европскиот парламент, Ева Каили, по четири месеци е ослободена од затвор и пуштена во домашен притвор, пренесува Анадолу.

„Ќерка ми ме чека, многу сум среќна што наскоро ќе бидам со неа“, изјави Каили, која е должна да носи електронска нараквица, преку прозорецот на автомобилот што ја носеше дома, јави новинската агенција АНСА.

„Ќе зборуваме наскоро“, додаде таа.

Ослободувањето на Каили беше одлучено во средата.

ЕУ беше потресена од еден од најголемите корупциски скандали во нејзината историја, откако Каили, грчка европратеничка, беше уапсена на 9 декември од белгиската полиција под обвинение за корупција.

Каили (44) од грчката централно-левичарска партија ПАСОК-КИНАЛ и еден од 14-те потпретседатели на Европскиот парламент, беше уапсена откако беше претресен нејзиниот дом поради обвиненија за корупција во кои наводно е поврзан Катар, кој беше обвинет дека ѝ плаќал на Каили да лобира за интересите на државата од Персискиот Залив.

Белгиската полиција при претреси на неколку домови и канцеларии заплени 1,5 милиони евра во готовина. Покрај тоа, одземени се и парламентарните компјутери за заштита на важните податоци.

Меѓу приведените заедно со Каили беа и италијанскиот европратеник Пјер Антонио Панцери, партнерот на Каили, Франческо Џорџи, кој работеше како помошник во Европскиот парламент, и Николо Фига-Таламанка, директор на невладината организација која работи на владеење на правото.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Осомничениот за протекувањето на доверливите документи од Пентагон ќе биде изведен пред суд

Следно

Турската Црвена полумесечина и меѓународни групи со проект за парична поддршка за погодените од земјотресот во Туркије

Latest from Blog

Министерот Ристовски им посакаа успешен настап во мундијалските квалификации на македонските кошаркари

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, посакувајќи им успешен настап во претстојните квалификации за пласман на Светскиот куп 2027. Македонските кошаркарски репрезентативци во

Филипче вели дека е несериозен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ даден на прес конференција: Резолуцијата со Бугарија за идентитетот треба да биде даден во Собрание

Претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со Бугарија да се поднесе заедничка резолуција во Европарламентот која ќе се однесува на македонскиот јазик и македонскиот идентитет,

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур. Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните
Go toTop