Пообилни врнежи од дожд попладнево и во текот на ноќта, а на планините од снег

January 7, 2026
1 min read

Времето денеска е претежно облачно, а наместа и магловито со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни односно над 25 l/m², особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец што ќе достигнува над 60 km/h. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе достигне до 9 степен.

Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде
променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер утре врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.

На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурата ќе биде во опаѓање, соопштија од УХМР.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јунајтед во петок ќе го промовира новиот тренер!

Следно

Откажани над 700 летови во Амстердам, патниците останаа заробени со часови

Latest from Blog

Дигиталната платформа Македонска Држава и МАНУ со заедничка мисија за македонскиот јазик

Платформата „Македонска Држава“ официјално започна соработка со Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), со што доби дозвола за објавување на материјалите од веб-порталот „Дигитални ресурси на македонскиот јазик“. Соработката овозможува научните,

ЕДЕН ГРАД ВО СРБИЈА ГО МЕНУВАЛ ИМЕТО ПОВЕЌЕ ОД 200 ПАТИ Во 1391 година се викал Забатка

На крајниот север на Србија, во Бачка, веднаш до границата со Унгарија, се наоѓа Суботица – еден од најубавите и културно најбогати градови во Војводина. Од Белград е оддалечена околу 180 километри,

Словенка ПОЧИНАЛА ПО ЛИПОСУКЦИЈА ВО ТУРЦИЈА

Телото на 44-годишната жена од Словен Градец, која пред неколку дена починала во Турција поради компликации по естетски зафат, е пренесено во Словенија. Во Љубљана вчера е извршена обдукција, а словенечката полиција

Дневен хороскоп за ден 08.01.2026

ОВЕН Не чекајте некој да ви даде знак дека треба да направите нешто, да бидете проактивни и ажурирани. Денес, можете да иницирате суштински промени поврзани со пријателите, љубовниот партнер и децата. Бидете
Go toTop