Словенка ПОЧИНАЛА ПО ЛИПОСУКЦИЈА ВО ТУРЦИЈА

January 8, 2026
1 min read

Телото на
44-годишната жена од Словен Градец, која пред неколку дена починала во Турција
поради компликации по естетски зафат, е пренесено во Словенија. Во Љубљана
вчера е извршена обдукција, а словенечката полиција побарала од турските колеги
сите податоци за околностите на смртта, но засега добиле само оскудни
информации, пишува Dnevnik.si.

Хронологија
на трагедијата

На
Институтот за судска медицина е извршена обдукција која треба да ја открие
точната причина за смртта на 44-годишната жена, која починала на 2 јануари.
Според неофицијални информации, меѓу компликациите по липосукцијата имало и
белодробна емболија.

Роднина на
починатата раскажала дека 44-годишната жена отпатувала во Истанбул преку
агенција пронајдена на интернет. По зафатот се жалела на лоша здравствена
состојба и крварење, но на клиниката не реагирале соодветно. Комуницирала
исклучиво со преведувачка на хрватски јазик, која ѝ ја пренела пораката од
лекарот дека тоа е „вообичаена состојба“ по ваква операција.

Четири дена
подоцна доживеала срцев застој. Била пренесена во друга болница, каде што ја
реанимирале и ја приклучиле на апарати, но десет дена подоцна починала.

Подем на
естетскиот туризам и неговите ризици

Турција во
последните години стана мека за естетски, односно здравствен туризам,
првенствено поради значително пониските цени на зафатите во споредба со Европа,
САД или Австралија. Само во 2021 година, турските клиники примиле најмалку 1,5
милиони странски пациенти, а тој број постојано расте.

На пример,
на страницата на еден од давателите на услуги се нуди „all inclusive“ пакет за
липосукција на стомак, половина и грб за 3.950 евра. Цената ги вклучува
зафатот, четири ноќевања во хотел, превоз, преведувач и здравствено
осигурување.

Словенката
не е единствена жртва

Дека
компликациите не се реткост, потврдуваат и на страниците на адвокатската
канцеларија Oran Partners, каде што признаваат дека Турција станала
глобален центар за естетски зафати, но и предупредуваат на ризиците. Наведуваат
дека најмногу проблеми се јавуваат кај операциите на нос и зголемувањето на
градите, додека липосукцијата е на трето место по зачестеност на компликации.

Случајот со
починатата Словенка, за жал, не е единствен. Минатата година биле забележани
повеќе трагични исходи. Во јануари 2025 година починала 31-годишна инфлуенсерка
од Мозамбик по бесплатни зафати што ги добила во замена за промоција на
клиника. Подоцна било откриено дека истата клиника веќе имала неуспешни
операции и само го сменила името.

Во април
истата година, 40-годишната Британка Чарли Сагден едвај преживеала труење на
крвта по липосукција. Во октомври, 50-годишната Италијанка Милена Манчини
починала по липосукција во приватна клиника во Истанбул, а во тек е и судска
постапка поради смртта на 32-годишната Британка Софи Хант, која уште во март
2022 година починала од последиците на операција на задникот и липосукција на
стомакот.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нападнат танкер во Црното Море: Побарана помош од Турција!

Следно

ЕДЕН ГРАД ВО СРБИЈА ГО МЕНУВАЛ ИМЕТО ПОВЕЌЕ ОД 200 ПАТИ Во 1391 година се викал Забатка

Latest from Blog

Кога љубовта ќе заврши, милијардите остануваат НАЈСКАПИОТ РАЗВОД ДОСЕГА

По 27 години брак, Мелинда Гејтс, според достапните податоци, добила вкупна исплата од дури 76 милијарди долари по разводот од Бил Гејтс. Хуманитарната фондација на Мелинда Гејтс тивко примила огромна донација од

ЛШ: Ливерпул триумфално на „Велодром“, Јуве, Барса, Челзи и Барса „лапнаа“ по три бода

Англискиот шампион Ливерпул се враќа со голема победа од Франција, каде вечерва во претпоследното коло од Лигата на шампионите славеше со 3:0 над екипата на Олимпик Марсеј. Со головите на Собослаи (45′),

Коњановски: Сите улици во Битола се проодни – Сообраќајот се одвива непречено (ВИДЕО)

По снежните врнежи што ја зафатија Битола во текот на денешниот ден, сите улици во градот се целосно проодни, а сообраќајот се одвива непречено, информира градоначалникот Тони Коњановски преку социјалните мрежи. Во

Кој е ликот со прекар ПОКРОВИТЕЛ – ШЕФ НА БАЛКАНСКИОТ НАРКО КЛАН?

На Youtube каналот „Amazing Europe“ можете да видите листа од десет земји со најголемо присуство на мафијата и организираниот криминал. Иако Италија е генерално првата асоцијација со мафијата, истражувањата покажаа дека Турција
Go toTop