Политички неологизам на Зајкова: „Независен коалиционер“: Не заминува од коалиција со СДСМ, но ќе делува независно?!

October 30, 2024
1 min read

„Засега нема ништо ново. Како пратеник останувам да делувам независно во Собранието. Либерално-демократската партија е независен политички субјект, а до локалните избори има уште многу време. За понатамошните чекори и за тоа како ќе делува ЛДП ќе одлучуваат партиските органи“, вели за МКД.мк, Зајкова.

Претходно вечерва ТВ 21 повикувајќи се на партиски извори пренесе дека лидерката на ЛДП, Моника Зајкова излегува од коалицијата со СДСМ иако не се знае дали ќе ѝ се приклучи на владеачката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Независен коалиционер е политички неологизам и оксиморон сличен на чесен крадец, не може истовремено да коалицирате, а да дејствувате независно. По логиката на нештата, ако сте независен, не сте во коалиција т.е. не сте заедно со некого и не дејствувате заедно, така барем велат здравиот разум и чистата логика.

Истовремено, помалку симптоматично, Зајкова излезе јавно со став дека одложени уставни измени треба да бидат натпартиски став, контрирајќи им на СДСМ, паралелно со осуда на писмата на Ахмети и неговото дејствување и најава за протести.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Македонија ќе потпише заедничка изјава со Унгарија, Србија и Грција за изградба на брза пруга Будимпешта – Атина

Следно

САД потврдија дека 20 деца се убиени во израелски воздушен напад на северот на Газа

Latest from Blog

Се запали галијата во реката Вардар во Скопје

Пожар вечерва ја зафати галијата кај Холидеј Ин која се наоѓа на реката Вардар во центарот на Скопје, јавува МИА. Интервенирано било со противпожарно возило, и нема опасност за проширување. Причинета е

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните нс Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барањата

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на три барања. Барањата се – распишување вонредни парламентарни избори, распуштање на „собирот“

ФФМ и Ла Лига ќе градат долгорочно партнерство

Можностите за идна соработка, особено во делот на едукација и развој на млади тренери, ги разгледаа денеска на средба во Скопје претставници на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и шпанската Ла Лига.

Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга на коридорот 10

Постои сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на коридорот 10, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Очекувам дека ќе има конкуренција

Мицкоски до Кос: Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан признание за новата енергија со која Владата ги води реформите

Премиерот Христијан Мицкоски на средбата попладнево во Владата со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, ја истакнал определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински
Go toTop