Полемики по изјавата на Јаневска за ОНА – „Арогантно однесување“, „требаше да биде позрела“

December 3, 2024
1 min read

„ОНА, војската и амблемите на ОНА за оваа држава не важат воопшто“, порача Весна Јаневска.

Оваа изјава на министерката за образование Весна Јаневска предизвика многу реакции. Пратеникот Блерим Беџети рече дека ова не е прв пат министерката Јаневска да ги навредува Албанците.

„Сето ова арогантно и навредливо однесување на министерката за образование не е првпат. За истото прашање ги фаворизира комисиите за македонските училишта, а за децата Албанци кои подготвиле театарски претстави и рецитали за празниците се погрижи да биде назначено во владата дежурно лице да ги следи сите овие однесувања. Се разбира, овие навреди кон Албанците беа и во минатото кон албанските администратори“, вели Блерим Беџети.

Фатмир Лимани од редовите на коалицијата ВРЕДИ и министер за социјална политика, изјави дека историјата не може да се избрише и дека ОНА била дел од радикалните промени за правата и еднаквоста на Албанците.

„Татко ми настрада во војната! Историјата не се брише. Требаше да биде повнимателна во овој поглед, бидејќи во вториот дел од своето излагање спомена колку мајки од двете страни се изгорени од случајот со војната во 2001 година, но ќе ја оставам на нејзиното ниво. ОНА не се брише од  историјата. Дури и ние членовите или составен дел од нејзиното формирање, дури и да сакаме да ја избришеме нејзината историја, нема да успееме“, вели Фатмир Лимани.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска вчера изјави дека учениците во училиштата за време на прославата на знамето носеле униформи на ОНА и играчки пластични пушки, на демонстрациите на 28 ноември, како во Челопек, Чаир, Тетово и Струга. Таа покрена иницијатива Државниот просветен инспекторат да ги испита овие случаи. Но, имаше сличен случај како театарска претстава во општина Аеродром, каде учениците беа облечени како комити, за кои Јаневска рече дека се дел од историјата на државата, додавајќи дека воспитувачката на тие деца е отпуштена од работа и е на суд.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Промоција на „Гуш и Бац“, химна за пријателството, љубовта и инклузијата

Следно

Стојкова Серафимовска: Интерпелацијата за министерот Панче Тошковски е одраз на страв и паника на СДС и ДУИ

Latest from Blog

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара

Во Ирак се одржа Фестивал на убавина за мачки

СКОПЈЕ (АА) – Во организација на Кралската ветеринарна болница, во ирачкиот град Сулејманија денес се одржа второто издание на Фестивалот на убавина за мачки, каде што љубителите на мачки се собраа за
Go toTop