ПОЕТОТ СЛАВЕ ЃОРЃО ДИМОСКИ ЈА ДОБИ ДРЖАВНАТА НАГРАДА „23 ОКТОМВРИ“

1 min read

Поетот, есеист и преведувач Славе Ѓорѓо Димоски е годинашен добитник на државната награда „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Македонија.

Министерството за култура соопшти дека претседател на Одборот за доделување на наградата е Блаже Миневски, а наградата ќе му биде врачена на добитникот на 23 октомври во 12 часот во Собранието.

Димоски е роден на 18 март 1959 во селото Велестово, Охрид. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Живее и твори во родното село. Во два мандата бил претседател на  Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата (СВП). Димоски е основач и долгогодишен претседател на фестивалот „Поетска ноќ во Велестово“ која традиционално се организира секое лето во неговото родно село. Член е на македонскиот ПЕН центар. Пишува поезија за деца и возрасни.

Застапуван е во многу антологии и преведуван на неколку десетици јазици, како англиски, руски, српски, латвиски.

ИЗВОР: sdk.mk

Претходно

Светска банка: Речиси еден од четири жители од Западен Балкан живее во странство

Следно

Поетот Славе Димоски е добитник на државната награда „23 Октомври“

Latest from Blog