Почнува второто полугодие од учебната 2022/2023: Наставата нема да заврши на 10-ти јуни

January 23, 2023
1 min read

За основците и средношколците денеска почнува второто полугодие од учебната 2022/2023 година. Со одлука на Владата, зимскиот распуст беше продолжен и почетокот на наставата одложен од 18-ти на 23 јануари заради функционалност на училиштата.

Најверојатно учебната година ќе заврши на 14 јуни наместо на 9 јуни (петок) затоа што, како што изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири, учениците треба да ги одработат сите 180 работни наставни денови утврдени со Календарот за воспитно-образовниот процес во училиштата.

-За подобро функционирање на процесот, поради тоа што 18 јануари е среда, 19-ти е празник за поголем дел од граѓаните и 20-ти е петок, одлучивме второто полугодие да почне во понеделник. Исто така, да се изработат сите 180 работни денови до крајот на ова второ полугодие. Има три работни наставни денови и не гледам причина да има некаков проблем, рече Шаќири минатата недела.

Министерот вчера најави дека на почетокот на второто полугодие ќе се испорачаат учебниците по матетматика и општество за второ одделение.

Тој пред почетокот на второто полугодие истакна дека годинава ќе има и дел од учебниците за средно гимназиско образование, а речиси сите учебници за средно стручно образование ќе бидат целосно достапни и во електронска форма.

Министерството за образование и наука годинава ќе обезбеди и нови учебници за странски јазици за основно и средно образование. Министерот Шаќири го најави и новиот Закон за учебници.

-Министерството за образование и наука со оглед на предизвиците со учебниците што се појавија, утврди дека има потреба од нов подобар Закон за учебници, со кои ќе се минимизираат можностите за грешки, доцнење и слични проблеми и убеден сум дека следниот септември дел од проблемите што се појавија ќе бидат минато и нема да се повторат. Иако МОН не е дел од процесот на одобрување на учебници, ја користам приликата да ја информирам јавноста дека ги активираме сите можни механизми, довербата на граѓаните да биде уште поголема, рече Шаќири. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Бразил и Аргентина размислуваат за воведување заедничка валута

Следно

Српски медиуми: Вучиќ го напушти состанокот во седиштето на партијата, рече дека е подготвен да поднесе оставка

Latest from Blog

Сиљановска Давкова со обраќање на одбележувањето на 80-годишниот јубилеј на Земјоделскиот институт- Скопје

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова се обрати на свеченоста по повод одбележувањето 80 години од основањето на Земјоделскиот институт при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. -Замислете пространо поле, преполно со надеж

Јермак: Киев не е подготвен за преговори со Русија

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак изјави во интервју емитувано доцна синоќа дека Киев се уште не е подготвен да започне преговори со Русија бидејќи нема оружје, безбедносни

Македонија денеска ги дознава своите ривали на патот кон Светското првенство во 2026 година

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска ќе ги дознае своите ривали во квалификациите за СП 2026 година во САД, Мексико и Канада. Ждрепката ќе се изврши од 12:00 часот во Цирих. Светското првенство
Go toTop