Почнува уписот во средните училишта за 2025/2026 – од утре прво електронско пријавување во јуни

June 13, 2025
1 min read

Од утре (14 јуни) до 17 јуни на полноќ е првото електронско пријавување во јунскиот рок за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта во државава за учебната 2025/2026 година. 

Пријавувањето на учениците е со електронско аплицирање, преку линк до системот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk/ со посебна најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk

Откако ќе заврши електронското пријавување, ученците на 18 јуни (од 8 до 19 часот) и на 19 јуни (од 8 до 17 часот) треба да ја достават потребната документација до училиштата.

Конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ќе ја објави на 20 јуни 2025, најдоцна до 12 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет-страница. Во училиштата каде што ќе има квалификациско тестирање ќе се организира  на 23 јуни 2025, кога ќе бидат објавени и резултатите. 

Второто електронско пријавување на учениците за упис во средните училишта во јунскиот рок ќе биде  на 30 јуни 2025, од 00:00 часот до 23:59 часот, а потребната документација до училиштата ќе се доставува на 1 јули 2025, од 10 до 19 часот.  Следниот ден (2 јули) ќе биде објавена и конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето и слободните места. Во второто пријавување во јуни квалификациско тестирање ќе се организира на 4 јули 2025.

Пријавувањето во августовскиот уписен рок ќе се врши на 21 август 2025 година од 00.00 часот до 15.00 часот електронски, кога ќе биде и доставувањето на документација до училиштата, а наредниот ден (22 август 2025) училиштата ќе објават конечна ранг-листа со резултатите од запишувањето.

Во Конкурсот на Министерството за образование и наука се наведени документите потребни за запишување во јавните средни училишта, како и насоки за негово спроведување.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ливерпул и Баер Леверкузен постигнаа договор за Флоријан Вирц

Следно

Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе влијае врз цената на нафтата и во Македонија

Latest from Blog

Израелскиот опозициски лидер ја критикува одлуката на Кабинетот за окупирање на Газа

АНКАРА (АА) – Израелскиот опозициски лидер Јаир Лапид денес остро ја критикуваше последната одлука на Кабинетот за Газа, нарекувајќи ја „катастрофа што ќе доведе до уште многу катастрофи“, јавува Анадолу. Во соопштението,

ВЛЕН: Бујар Османи е синоним за сомнителни тендери – Чаир не е прибежиште за корупција!

Државниот завод за ревизија потврди она што јавноста одамна го знае – Министерството за надворешни работи, во време кога министер беше Бујар Османи, спровело незаконски тендери поврзани со организацијата на Самитот на

ВМРО-ДПМНЕ: 20% зголемени плати во јавните установи за социјална заштита, Владата работи посветено за секого

Владата работи посветено за секого. За 20% се зголемуваат платите во јавните установи за социјална заштита, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „20% повисоки плати ќе добијат вработените во јавните установи за социјална заштита. Ресорното

Условна казна затвор и депортирање доби германски државјанин за ширење омраза на натпреварот Шкендија–Карабах

СВР Скопје поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје по итна постапка против државјанин на Германија за кривично дело „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска

„Фајнанс тинк“: Цените на храната веќе не ја подгреваат инфлацијата

Институтот за економски истражувања и политики „Фајнанс тинк“ (Finance Think) го публикуваше го публикуваше го публикуваше ФТ Став бр. 66 за движењата кај цените, каде што нотира дека цените на храната веќе не ја
Go toTop