Почна изградбата на фекална канализација во Марино

April 5, 2023
1 min read

Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски и директорот на ЈКП „Водовод“ – Илинден Ивица Трипуновски денеска извршија увид во почетните активности на изградбата на фекалната канализација на два крака од улица „500“ во населено место Марино, со вкупна должина од 250 метри. Новата канализациска линија ќе биде изведена со полиетелиенски цевки со димензија Ф 200 и со истата ќе бидат опфатени околу 20 домаќинства. Новоизградената фекална канализација на овие два крака од улица „500“ н.м. Марино ќе се поврзе на фекалната канализација од припадна површина ПП1 Марино.

– Инвестирањето во комуналната инфраструктура е од огромно значење за локалниот економски развој, како и унапредувањето и заштитата на животната средина со што се овозможува подобрување на квалитетот на живеењето во општина Илинден. Вложувањата во комуналната инфраструктура е од стратешко значење за Општина Илинден, истакна градоначалникот Георгиевски.

Од Општина Илинден истакнуваат дека и во наредниот период ќе продолжат да работат на обезбедување на квалитетна комунална инфраструктура со цел подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани во локалната заедница.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ЕУ е длабоко загрижена за насилството во „Ал Акса“

Следно

Берлускони хоспитализиран на Интензивна нега во Милано

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop