ПОЧИНА ТРАЈКО ДИМИТРОВ, АРХИТЕКТОТ НА ПРИРОДОНАУЧНИОТ МУЗЕЈ, БАЗЕНОТ „МЛАДОСТ“, „ПАЛОМА БЈАНКА“

January 5, 2023
1 min read

Ппочина архитектот Трајко Димитров, кој е дел од првата генерација архитекти запишана на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје во 1949, соопшти семејството. Имаше 92 години.  Негови позначајни реализирани дела се Пристанишната аеродромска зграда „Скопје” во скопски Петровец,  Домот на културата „Кочо Рацин” во Скопје, Природнонаучниот музеј во Скопје, Кошаркарската сала „Работнички” во Скопје, (со арх. Ж. Гелевски), Универзалната спортска сала на Тутунски комбинат во Прилеп, Покриениот пливачки базен „Младост” во Скопје и административно-деловниот комплекс „Палома Бјанка“.

Дипломирал во 1956, а по дипломирањето се вработил во Заводот за станбена изградба во Скопје, којшто подоцна се трансформирал во „Македонија проект” и тука останал сѐ до истекот на неговиот активен работен стаж во 1990. Својата кариера претежно ја посветил на проектирањето на објекти од општествен карактер, давајќи притоа посебен акцент на спортските објекти, вели Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ).

Добитник е на Борбина плакета за аеродромската зграда „Скопје” во Петровец, Скопје, на Златна јубилејна плакета за Универзалната спортска сала на Тутунскиот комбинат во Прилеп и Голема награда на БИМАС за Универзалната спортска сала во Куманово.

Погребот е на 6 јануари, на Градските гробишта Бутел од 13 часот.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се огласија и од Меѓународниот Аеродром Скопје по дојавата за бомба

Следно

Политичарите најмногу користат Фејсбук, помалку Твитер и Инстаграм, а речиси сите се затворени за коментари, покажува анализата на ИДУЕП

Latest from Blog

Дел од Тетово и тетовско утре без струја поради замена на дрвен столб со бетонски столб

Дел од Тетово и тетовскиот регион утре, 14 август, ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа. Според најавата, во периодот од 08:00 до 14:00 часот без струја ќе

Шпанскиот Суперкуп ќе се игра во Истанбул

Шпанската фудбалска федерација објави денеска дека донесена е одлука, мини турнирот од Суперкупот на Шпанија, годинава да се одигра ни помалку ни повеќе туку во Истанбул. На стадионот „Ататурк“. На него ќе

Битка за критични минерали: САД инвестираат милијарди за намалување на зависноста од Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп и најави три милијарди долари нови инвестиции во рударството, со цел САД да ја намалат зависноста од Кина за критични минерали. Од целиот пакет, една милијарда долари ќе
Go toTop