Легендата на Ливерпул и поранешен капитен на Црвените и на Англија, Стивен Џерард, има интересен став во врска со истрагата за финансиските неправилности на Манчестер сити, во која клубот беше прогласен за виновен по 114 од 115 обвиненија поврзани со периодот 2009-2018 година.
Конечната одлука за санкциите се очекува за неколку месеци, бидејќи раководството на Сити продолжува да негира дека сторило нешто лошо и се жали на заклучоците на независната комисија.
Клубот во сопственост на шеикот Мансур бин Зајед Ал Нахјан, освои четири премиерлигашки титули во текот на периодот што се разгледува. Во зависност од конечната одлука, постои можност некои од овие титули да им бидат одземени на Граѓаните.
Џерард беше на работ на освојување на титулата во Премиер лигата во сезоната 2013/14.
„Немам ништо лично против играчите на Манчестер сити од тоа време. Тие беа неверојатни. Не сум некој што би прифатил шампионски медал ретроспективно. Одамна прифатив дека не ја освоив Премиер лигата. Исто така, се помирив и со тој кикс со лизгањето против Челзи“, рече Џерард.
Поранешниот играч од средниот ред, сепак, го покрена прашањето за другите клубови, за кои верува дека исто така можеби биле оштетени.
„Слушнав многу навивачи и играчи на Манчестер сити како велат дека никој не може да им ги одземе тие моменти. Но, што е со моментите што им ги одзедоа на другите? Не зборувам само за себе и Ливерпул. Зборувам за Тотенхем, Манчестер јунајтед, Евертон, тимовите на дното на табелата. Мислам дека казната треба да се строга и да се однесува на неколку сезони“, додаде тој.
Извор: sportmanija.mk


