ПОЧИНА НОБЕЛОВКАТА АЛИС МАНРО, МАЈСТОРКА НА КУСАТА ПРОЗА

May 14, 2024
1 min read

Нобеловката Алис Манро, канадскиот книжевен џин, која стана една од најценетите современи авторки во светот и една од најпочитуваните писателки на куса проза во историјата, почина на 92 години.

Портпаролот на издавачот „Пингвин Рандом хаус Канад“ изјави дека Манро, која ја доби Нобеловата награда за литература во 2013, починала во понеделникот дома во Порт Хоуп, Онтарио. Манро со години беше во слабо здравје и често зборуваше за пензионирање, одлука што стана конечна по збирката „Мил живот“ во 2012.

Често споредувана со со Антон Чехов, Џон Чивер и неколку други писатели на куси раскази, Манро постигна редок растеж за уметничка форма традиционално поставена под романот. Таа беше првата Канаѓанка која ја доби Нобеловата награда и првата добитничка на наградата исклучиво за куса проза. Повторувајќи го мислењето на многумина претходно, Шведската академија ја прогласи за „господарка на современиот кус расказ“ кој може „да ја смести целата епска сложеност на романот на само неколку кратки страници“.

Манро, малку позната надвор од Канада до нејзините доцни 30-ти години, стана и една од ретките писателка на раскази со постојан комерцијален успех. Продажбата само во Северна Америка надмина 1 милион примероци, а Нобеловата награда го крена „Мил живот“ на врвот на листата на бестселери на „Њујорк тајмс“. Други нејзини популарни книги се „Премногу среќа“, „Поглед од Касл Рок“ и „Љубовта на добра жена“.

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Запленето оружје во северно Косово, се претпоставува дека останало по нападот во Бањска минатиот септември

Следно

Атлетико Мадрид подготвен да плати 12 милиони евра за Дибала

Latest from Blog

Македонските ракометари во третиот „шешир“

Откако македонската машка ракометна репрезентација во неделата се квалификуваше за Европското првенство следната година, веќе се познати шеширите ладе ќе биде сместена пред ждрепката за завршниот турнир. Македонија е во ист ранг

Алијансата на Албанците излегува од Владата – Таравари најави премин во опозиција

По состанокот на Алијансата на Албанците, претседателот Арбен Таравари вечерва на прес-конференција изјави дека ја напуштаат владината коалиција и преминуваат во опозиција. – Денеска Алијансата на Албанците едногласно одлучи да премине во

Брутално убиство во Србија: Во автомобил ја избодел поранешната сопруга

Тело на жена е пронајдено утринава во автомобил во приградска населба во Крагуевац, објавија српските медиуми. Според неофицијални информации, за убиство е осомничен Б.Р., поранешен сопруг на убиената 41-годишна жена. Жената наводно

Салија во 24 анализа: Бараме ние како средно медицински персонал да бидеме препознаени и да имаме наш закон и наша комора

Џеват Салија, медицински техничар од болницата во Гостивар во 24 анализа рече дека, ситуацијата со медицинските сестри е специфична. Според него, најголем проблем е тоа што не се пепознаени и не се
Go toTop