Почина Митрополитот дебарско-кичевски, господин Тимотеј

November 25, 2024
1 min read

По кусо боледување денеска на 73 години во Скопје почина Митрополитот дебарско-кичевски, господин Тимотеј.

Владиката Тимотеј кој ја вршеше и функцијата портпарол на Синодот на Македонската православна црква, починал во болница каде бил хоспитализиран пред неколку денови поради проблеми со срцето.

Митрополитот Тимотеј, со световно име Славе Јовановски, е роден на 20 октомври 1951 година во Младо Нагоричане, Кумановско.

Почитта на младиот Славе кон Бога придонесла по завршувањето на основното училиште да се запише за редовен ученик во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски”, прво во манастирот „Горни Свети  Илија” во село Бањане, крај Скопје, а потоа во Драчево, завршувајќи ја со одличен успех.

По завршувањето на Богословијата, се запишал на Богословскиот факултет во Белград, на кој дипломира во 1976 година.

По дипломирањето една година бил службеник во Македонската архиепископија во Скопје. Потоа заминува на постдипломски студии на Понтификалниот ориентален институт во Рим (од 1977 до 1979 година), каде магистрира со трудот „Култот на Пресвета Богородица во Охрид и Охридско”.

На 10 септември 1981 година во манастирот „Св. Јован Крстител” – Бигорски од десницата на тогашниот Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Ангелариј е замонашен со монашко име Тимотеј, на 11 септември е ракоположен за јероѓакон во истиот манастир, додека на 13 септември 1981 година е ракоположен во јеромонашки чин во манастирот „Св. Богородица” – Пречиста кај Кичево, а за архимандрит е произведен во метохот на манастирот „Св. Наум Охридски” во Битола. По изборот за епископ од страна на САС на МПЦ, на 20 септември 1981 година е хиротонисан за архијереј на МПЦ во црквата „Св. Димитриј” во Скопје.

Од 21 септември 1981 година, со Одлука на САС на МПЦ, е назначен за Митрополит на Австралиската македонска православна епархија. Тогашните услови налагаа да му биде доделена и упразнетата Дебарско–кичевска епархија како нејзин Администратор со седиште во Охрид, од каде што со голем елан, самопрегор, трпеливост и тактичност ќе раководи со двете епархии – со Австралиската до 1995 година која доброволно ја отстапува на друг надлежен архијереј, а продолжи да раководи само со Дебарско–кичевската епархија како Митрополит Дебарско–кичевски.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ердоган: Побеснетата влада на Нетанјаху е како сериски убијци кои уживаат да убиваат

Следно

Земјите од ОН не можат да постигнат договор за намалување на загадувањето од пластика

Latest from Blog

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop