ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ СЛОВАЧКИ РЕЖИСЕР ЈУРАЈ ЈАКУБИСКО

February 25, 2023
1 min read

Почина словачкиот режисер Јурај Јакубиско, кој беше прогласен за најдобар филмски режисер на 20 век во својата земја. Имаше 84 години. Јакубиско почина синоќа во чешкиот главен град Прага, каде што живееше со своето семејство од поделбата на Чехословачка во 1993. Неговата смрт беше објавена и од чешкото Министерство за култура.

Јакубиско има десетици долгометражни и кратки филмови кои освоија голем број награди на меѓународните филмски фестивали. За неговите филмови, полни со метафори, симболи и поезија, понекогаш го нарекуваа „Фелини од Истокот“ или „Словачки Фелини“ по славниот италијански режисер Федерико Фелини.

Роден во денешна источна Словачка, Јакубиско дипломирал на Прашката филмска школа во 1966. Следната година дебитираше со „Круцијални години“ кој доби големи пофалби од критичарите. Со тоа, како и „Дезертери и аџии“ (1968) и „Птици, сираци и будали“ (1969), тој го зацементира своето место како дел од чехословачкиот нов бран во кинематографијата заедно со голем број други млади режисери од тоа време, меѓу кои и Милош Форман и Вера Хитилова.

Сите тие филмови беа забранети од тврдокорниот комунистички режим кој беше воспоставен по инвазијата на Чехословачка предводена од Советскиот Сојуз во 1968, која го уништи периодот на либерални реформи познат како Прашка пролет. Следната деценија му беше дозволено да снима само документарни филмови. Тој се врати на играните филмови со „Изгради куќа, засади дрво“ во 1979, кој наскоро исто така беше забранет.

Неговиот главен успех беше „Илјадагодишната пчела“, во 1983, епска семејна сага од крајот на 19 и почетокот на 20 век, која освои награди на филмски фестивали во Севиља, Шпанија и Венеција, Италија. Во 1985, сопругата на Фелини, Џулиета Масина, глумеше во бајката за деца на Јакубиско „Пердувеста вила“. Неговиот најголем успех на благајните по колапсот на комунизмот во 1989 беше „Батори“ во 2008, историска драма во која глуми англиската актерка Ана Фрил како Елизабет Батори, унгарска грофица која според легендата убивала девици за да се капе во нивната крв. Во тоа време тоа беше најскапата филмска продукција во Централна Европа.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Реакција на комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ: ДВОЈНОТО ФИНАНСИРАЊЕ, ПРИЧИНА ЗА ПСИХОЛОШКИ ПРИТИСОК ВРЗ КОМИСИИТЕ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА -МАКИЈАВЕЛИЗМОТ ВО КРЕИРАЊЕТО НА КУЛТУРНАТА ПОЛИТИКА-

Следно

ЕУ одобри нов пакет санкции кон Русија

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop