Почина Костадин Костадиновски – музички новинар, публицист, автор и основоположник на неколку значајни македонски фестивали

May 27, 2024
1 min read

Во очи 37-то издание на “Фолк Фест Валандово”, почина еден од основоположниците на фестивалот, Костадин Костадиновски кој во македонската јавност беше познат музички новинар, музиколог, музички критичар, публицист и композитор…

Костадиновски дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Белград на отсекот по музикологија. Работниот век го поминал како музички уредник и новинар во Македонската радио-телевизија, поточно во Македонското радио – Радио 2.

Напишал околу 5000 критики на врвни уметници од целиот свет како и мноштво музички публикации меѓу кои познатата музичка монографија „Трајко Прокопиев – животно дело“ и делото „Од блузот до музичката авангарда“ која се користи како литература на катедрата по естрада на музичката академија во Софија, потоа „Про-Музика“… и др.

Автор е на „Одгласи од концертните сали“- публикација која содржи музички критики, есеи и музички занимливости во која преку понудените текстови (над 160 осврти, критики и рецензии) и познавањата на музичките жанрови од фолклорот до џез и класичната музика, Костадиновски ја претставува тридецениската музиколошка историја во Македонија, Европа и светот.

Во книгата има текстови за Симон Трпчески, Весна Гиновска-Илкова, Ана Дурловски, Михајло Куфојанакис, Тодор Светиев, Милица Шперовиќ-Рибарски, Кирил Рибарски, Љубомир Бранѓолица, Влатко Стефановски, Тоше Проески, Пеце Атанасовски, Никола Бадев, текстови посветени на светските ѕвезди како Хозе Карерас, Барбара Хендрикс, Зубин Мехта, Арнолд Кац, Александар Штаркман, како и на фестивалите „Охридско лето“, „Скопско лето„, „Интерфест“…, репертоарот и достигањата на Македонската опера и балет и Македонската филхармонија.

Костадиновски беше и самиот творец или коосновоположник на пет значајни музички фестивали во Македонија: „Фолк фест – Валандово“, „Интерфест – Битола“, „Тетовски филиграни“ (подоцна префрлен во Скопје како „Филиграни“), „Еврофест“ и „Денови на уметноста на децата сираци од балканските држави“.

Исто така беше композитор и автор на педесеттина естрадни песни и важеше за еден од доајените на македонската музикологија. Тоа го афирмираше како уникатна личност во нашиот музички живот и култура, какви досега малку сме имале. Беше врвен стручњак од ваков профил кој толку темелно ги познава сите музички жанрови – сериозната, забавната, фолк и џез-музиката.

„На 26.05. 2024 не го напушти МРТ колегата и фестивалски соработник Костадин Костадиновски, кој неодамна наполни 88 години! Почивај во мир и спокојство, сочувство до семејството и последен поздрав денес, Понеделник 27.05 24 од 11 до 12 часот часот во капелата во Радишани, а погребот е во 12 часот“ – обзнани на својот Фејсбук профил една од најблиските соработнички на покојниот Костадиновски, новинарката и водителка на речиси сите негови фестивалски чеда, Катерина Стојановска Десковска.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

До раните утрински часови во Атина се славеше европската титула на Панатинаикос

Следно

НОВ ИЗУМ: Лажица што ја прави храната посолена без повеќе сол

Latest from Blog

Алијансата на Албанците излегува од Владата – Таравари најави премин во опозиција

По состанокот на Алијансата на Албанците, претседателот Арбен Таравари вечерва на прес-конференција изјави дека ја напуштаат владината коалиција и преминуваат во опозиција. – Денеска Алијансата на Албанците едногласно одлучи да премине во

Брутално убиство во Србија: Во автомобил ја избодел поранешната сопруга

Тело на жена е пронајдено утринава во автомобил во приградска населба во Крагуевац, објавија српските медиуми. Според неофицијални информации, за убиство е осомничен Б.Р., поранешен сопруг на убиената 41-годишна жена. Жената наводно

Салија во 24 анализа: Бараме ние како средно медицински персонал да бидеме препознаени и да имаме наш закон и наша комора

Џеват Салија, медицински техничар од болницата во Гостивар во 24 анализа рече дека, ситуацијата со медицинските сестри е специфична. Според него, најголем проблем е тоа што не се пепознаени и не се

Алијанса за Албанците ја напушта Владата, Таравари: Одлучивме да се вратиме кај народот!

По околу два часа состанок, Алијансата за Албанците донесе одлука да ја напушти владата и да премине во опозиција.  Како што информираше Арбен Таравари, до оваа одлука дошле поради незадоволства, при што ги спомена балансерот и законот за јазиците.  Таравари меѓу другото рече дека ќе му се вратат на граѓанинот и дека Алијанса за Албанците е уникатна партија. ИЗВОР: ТВ 21
Go toTop