Почина командантот на украинскиот полк „Азов“ кој помина шест месеци под руско заробеништво

1 min read

По неколкумесечното руско заробеништво, командантот Олег Мудрак беше ослободен заедно со четворица други команданти и стотина борци од полкот „Азов“ како дел од големата размена на затвореници. Причината за неговата смрт, според украинските медиуми, е последица на срцеви проблеми

Почина Олег Мудрак – командантот на првиот баталјон на полкот „Азов” кој е дел од Националната гарда на Украина, објавија украинските медиуми, цитирајќи го внукот на командантот кој ја објави информацијата за неговата смрт преку објава на социјалните мрежи.

По неколкумесечното руско заробеништво, Мудрак беше ослободен заедно со четворица други команданти и стотина борци од полкот „Азов“ како дел од големата размена на затвореници

Командантот на полкот „Азов“ учествуваше во одбраната на челичарницата „Азовстал“ во Мариупол, пред да се предаде на руските сили во мај минатата година заедно со уште 2 000 други војници.

По неколкумесечното руско заробеништво, Мудрак беше ослободен заедно со четворица други команданти и стотина борци од полкот „Азов“ како дел од големата размена на затвореници. 

Според украинските медиуми, смртта на Мудрак е последица на проблеми со срцето.

Веста за неговата смрт ја потврди и советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Герашченко, кој му оддаде чест преку објава на Твитер .

„Олег Мудрак, командант на првиот баталјон на Азов, го бранеше ‘Азовстал’. Потоа помина шест месеци под руско заробеништво. Денеска неговото срце престана да чука. Почивај во мир, хероју“,

пишува Герашченко во твитер-објавата.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Ова повеќе не може и не смее да се толерира, порача Стефковски по денешните дојави за бомби во училишта

Следно

Кина: Епидемијата на Ковид-19 е „главно“ завршена

Latest from Blog