ПОЧИНА ЈАПОНСКИОТ КОМПОЗИТОР И ОСКАРОВЕЦ РЈУИЧИ САКАМОТО

April 2, 2023
1 min read

Прославениот јапонски композитор и продуцент Рјуичи Сакамото почина на 71 година, две години откако повторно му беше дијагностициран рак на дебелото црево. Неговото семејство денеска објави дека починал во вторникот.

Сакамото со наградата за животно дело на фестивалот Скопје синема сити во 2018 (Фото: Фејсбук)

Сакамото беше почитуван за неговите експериментирања со електронската музика, а меѓу многубројните награди што ги доби се истакнуваат Оскар, Греми и БАФТА.

Инспириран од „Битлс“ и Клод Дебиси, Сакамото почнал да учи компонирање на десетгодишна возраст. Тој беше еден од основачите на групата „Јелоу меџик оркестра“ во 1978 година, чии синтисајзерски иновации извршија големо влијание врз техно попот и хип хопот. Сними и 19 соло албуми.

„Азиската музика имала силно влијание врз Дебиси и Дебиси оствари големо влијание врз мене. Така музиката оди низ светот и прави полн круг“, кажа Сакамото во едно интервју од 2010 година.

Голем е неговиот придонес и во светот на филмот. Глумеше покрај Дејвид Боуви во „Среќен Божиќ, господине Лоренс“ и напиша музика за повеќе од 100 филмови и серии. За „Последниот кинески цар“ освои Оскар и Златен глобус во 1988, како и Греми следната година.

Сакамото, кој беше антинуклеарен и еколошки активист, во 2014 паузираше од работа околу една година за да се лекува од рак на грлото. Иако излечен по долгогодишно лекување, во јануари 2021 објави на својата веб-страница дека му бил дијагностициран рак на дебелото црево.

Во декември 2022, Сакамото го одржа она што беше јасно наменето да биде проштален концерт за неговите обожаватели, емитуван на Интернет.

„Мојата сила навистина опадна, па нормален концерт од околу еден час до деведесет минути би бил многу тежок“, рече тој во пораката на Интернет неколку дена претходно.

„Како резултат на тоа, го снимив песна по песна и го измонтирав заедно за да може да се претстави како обичен концерт, што верувам дека може да биде пријатно на вообичаен начин. Ве молиме, уживајте“.

Во 2018, Сакамото ја прими наградата за животно дело на фестивалот Скопје синема сити.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Неколку десетици илјади учесници на „Маршот за правда“ во Приштина за поддршка на Хашим Тачи и другите обвинети во Хаг

Следно

Први излезни анкети од Бугарија: Тесна трка меѓу коалициите на Петков и Борисов

Latest from Blog

Проданоски: Нови седишта за публиката и подобри услови за навивачите на „Победа“

На малата трибина на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп се поставени нови столчиња со поддршка од Фудбалската федерација на Македонија, информира градоначалникот Дејан Проданоски. Со овој зафат се подобруваат условите за

ПРАТЕНИЧКАТА ХЕЛЕН ХЕЈНС ОСТАНА БЕЗ ДВЕТЕ НОЗЕ, напаѓачот се соочува со тешки обвиненија

На независната пратеничка Хелен Хејнс ѝ беа ампутирани двете нозе откако во понеделникот беше намерно прегазена со автомобил, потврди нејзиниот сопруг Фил Хејнс. Поради нападот, 43-годишниот Брендан Нуџент денес беше изведен пред

Селекторот Лазаров одреди список од 35 ракометари за квалификациите за ЕП 2028, на него е и Горига

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари за почетокот на квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Од оваа група ќе бидат избрани

Николоски: Со Турција имаме голем потенцијал за нови инвестиции и посилна економска соработка

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ, на која беа разгледани билатералните односи меѓу двете земји, како и можностите

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Компанијата 4iG IT Ltd. дел од 4iG Групацијата и Министерството за јавни работи на Црна Гора потпишаа договор за дигитализација и технолошка модернизација на институциите задолжени за спроведување на законот и граничната
Go toTop