Неколку десетици илјади учесници на „Маршот за правда“ во Приштина за поддршка на Хашим Тачи и другите обвинети во Хаг

April 2, 2023
1 min read

Во Приштина денеска почна „Маршот за правда“, во кој, според првичните проценки, учествуваат неколку десетици илјади косовски граѓани за поддршка на лидерите на Ослободителната војска на Косово, чии судење ќе почне утре во Специјалниот суд во Хаг, пренесе Бета.

Учесниците на маршот извикуваат слогани за ОВК, носат транспаренти со пароли „Слободата има име“ со слики од Хашим Тачи и Кадри Весељи, „Историјата не може да се промени“ и други пораки за поддршка на обвинетите пред Специјалниот суд во Хаг- Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими .

Учесниците на маршот ги носат знамињата на Косово, Албанија и на ОВК. Тие продолжуваат со движење кон споменикот на Скендербег, на истоимениот плоштад, каде се очекува некој од организаторите да им се обрати на учесниците на маршот.

Поканата за организирање на маршот ја поддржаа сите политички партии, невладини организации и познати личности во Косово. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Борел: ЕУ ќе се спротивстави на секоја злоупотреба од Русија како претседавач со СБ на ОН

Следно

ПОЧИНА ЈАПОНСКИОТ КОМПОЗИТОР И ОСКАРОВЕЦ РЈУИЧИ САКАМОТО

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop