Први излезни анкети од Бугарија: Тесна трка меѓу коалициите на Петков и Борисов

1 min read

Речиси изедначени се резултатите од излезните анкети и во борбата за трето место

Почнаа да пристигнуваат првите излезни анкети од парламентарните избори во Бугарија.

Првичните проекции на резултатите од денешното гласање покажуваат тесна трка помеѓу коалицијата ГЕРБ-СДС предводена од поранешниот премиер Бојко Борисов и коалицијата на уште еден експремиер Кирил Петков од партијата Продолжуваме со промените (ПП) која настапи заедно со Демократска Бугарија (ДБ).

Според излезните анкети на агенцијата „Тренд“ направени за бугарската Нова ТВ, ПП-ДБ има 26,9 отсто од гласовите, а ГЕРБ-СДС 26,7 отсто.

Исто така, тесна е разлика и во битката за третото место помеѓу националистичката Преродба која има 12,9 отсто и ДПС со 12,4 отсто. Петта е Бугарската социјалистичка партија (БСП) со 10,5 отсто.

Блиску до изборниот праг од четири отсто освоени гласови потреби за да се освојат пратенички мандати, според „Тренд“ е Има таков народ на Слави Трифонов со 3,9 отсто освоени гласови.

„Мртва трка“ покажуваат и излезните анкети на останатите агенции. Според „Алфра Рисрч“, ПП и ДБ имаат 26,4 отсто, а ГЕРБ-СДС 25,5, пренесува БТВ.

Следните се ДПС СО 13,9, а веднаш зад нив се Преродба 13,5 отсто.

Петта партија е БСП со 9,2 отсто.

Под прагот од четири отсто, пак, е Бугарски подем на поранешниот технички премиер Стефан Јанев со 3,6 отсто, а дури потоа е Има таков народ со 3,5 отсто.

БТВ ги јавува и податоци од агенцијата „Маркет Линкс“ според која партиите и коалициите имаат:

ГЕРБ-СДС – 25,5 отсто;

ПП-ДБ – 24,5 отсто;

ДПС – 14,2 отсто;

Преродба – 13,8 отсто;

БСМ – 10,1 отсто;

Има таков народ – 4 отсто.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

ПОЧИНА ЈАПОНСКИОТ КОМПОЗИТОР И ОСКАРОВЕЦ РЈУИЧИ САКАМОТО

Следно

Блинкен побара итно ослободување на новинарот на „Волстрит журнал“, Лавров бара случајот да не се политизира

Latest from Blog

Министрите Петровска и Кросето ќе потпишат Технички договор за вклучување на Италијанските воздухопловни сили во НАТО за патролирање над македонското небо

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето денеска во Центарот за