Почина италијанскиот моден дизајнер Роберто Кавали

April 12, 2024
1 min read

 

Роберто Кавали, италијанскиот моден дизајнер кој остави свој печат во светот на модата со препознатливите, гламурозни животински принтови, почина на 83-годишна возраст.

Неговиот истоимен бренд ја потврди веста во изјава споделена на социјалните мрежи во петок попладне, истакнувајќи дека Кавали живеел живот исполнет со љубов.

Роберто е роден во 1940 година во Фиренца. Татко му бил надзорник во рудник и починал многу рано, Германците го убиле за време на Втората светска војна.

Неговата мајка Марсела била шивачка, а нејзиниот татко бил познатиот импресионистички сликар Џузепе Роси, чии дела сè уште се изложени во музејот во Фиренца.

Неговиот живот и животот на неговата сестра имале големо влијание од нивната мајка, бидејќи таа, сама ги воспитувала, а тоа оставило длабока трага на нивниот карактер.

Во 1957 година влегол во Академијата за уметности, двоумејќи се дали да ги следи стапките на својот дедо и да стане сликар или да стане архитект, што го привлекувало.

На изненадување на сите, дури и на најблиските, завршува моден дизајн.

Препознатливиот стил на Кавали на сите јазици е познат како „молто секси, молто животински принт и молто, молто Италијано“, како што еднаш го опиша британскиот весник Индипендент – остана суштински непроменет во текот на неговата долга кариера. Но, тој вешто ја обновуваше својата идеја за облеката адаптирана за различни декади, градејќи глобален бренд.

Во 1970-тите, Кавали дизајнираше јакни, фармерки и мини фустани направени од тексас кои ги продаваше во својот луксузен бутик во Сент Тропе, на француската ривиера, на актерки како Брижит Бардо и Софија Лорен.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

КАВАЛИ ПРЕД ЕДНА ГОДИНА ГО ДОБИЛ ШЕСТОТО ДЕТЕ – му го родила 45 години помладата избраничка, еве која е таа!

Следно

Денеска сончево и топло, од вторник заладување и дожд

Latest from Blog

Трамп најави одвоени телефонски разговори со Путин и Зеленски в понеделник

Во понеделник, во 10:00 часот наутро, ќе разговарам телефонски со претседателот Владимир Путин од Русија. Темите на разговорот ќе бидат запирање на „крвопролевањето“ што убива, во просек, повеќе од 5000 руски и

Семејствата на загинатите и повредените во трагедијата во Кочани денеска оддржуваат нов протест

Со транспаренти барајќи правда за трагедијата и фотографии на загинатите носејќи ги на гради во првите редови на колоната, започна протестниот марш во Кочани. Маршот на Ангелите организиран по 6ти пат движејќи

Дејан Георгиевски ќе се бори на еден од најсилните турнири во светот на олимписко таеквондо

Најдобриот македонски спортист утре во Софија се бори на еден од најсилните турнири во светот на олимписко таеквондо, Президент Куп Г3! Медал од овој значаен турнир ќе значи многу за македонскиот спорт,
Go toTop