ПОЧИНА АКТЕРОТ ТРАЈЧЕ ЃОРГИЕВ, ОСНОВАЧОТ НА ФЕСТИВАЛОТ НА ПАНТОМИМА ПАНФИЗ

June 3, 2023
1 min read

На 56-годишна возраст почина актерот и режисер Трајче Ѓоргиев, кој беше и основач на меѓународниот фестивал на пантомима и физички театар ПАНФИЗ.

Ѓоргиев дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје на отсекот за актерска игра во класата на Љубиша Георгиевски во 1991. Беше дел од Македонскиот народен театар повеќе од 30 години, дебитирајќи со улогата на Акаст во „Мизантроп“ во 1989. Подоцна се стекна со титулата магистер по пантомима на Академијата за театар и филм НАТФИЗ во Софија.

Ѓоргиев цели 16 години беше главниот двигател на ПАНФИЗ, фестивалот на пантомима и физички театар, преку кој се одржуваше овој жанр во театарската уметност во Македонија.

„Тој ќе остане нашиот Густав во ‘Надвор од умот‘, Пандар во ‘Троил и Кресида‘, Ивковиќ во ‘Народен пратеник‘, Чинели во ‘Јануари‘, Спасе во ‘МКС‘, Етјен во ‘Кројач за дами‘, Сапорта Робесвјер во ‘Мисија‘, Благоја Ќелавиот во ‘Немушт јазик‘, Виргински во ‘Демони‘, Силјан во ‘Писание‘, Доктор Финаш во ‘Болва в уво‘, Тетин Јаков во ‘Госпоѓа министерка‘, Бу змијата во ‘Самовилско јајце‘, Комесарот во ‘Подемот и падот на кабарето‘, Фридрих Ниче во ‘Аферата Елсињор‘, Лиходеев во ‘Мајсторот и Маргарита‘, Јанушек во ‘Прекината одисеја‘, Бил Остин во ‘МАММА МIА!‘ и Докторот во ‘Бесачи‘“, објави МНТ.

Ѓоргиев и режираше бројни претстави во Македонија, Србија и Словенија и оствари улоги во ТВ-серии и филмови како „Бумбари“, „Еурека“ „Прекалени“ „Во светот на бајките“, „Македонски народни приказни“, „Големата вода“, „Тврдокорни“, „Инсајдер“ и други.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бугарската амбасадорка во Израел не се појави на конференција за историјата на Холокаустот

Следно

Најголемиот лузер во историјата на Битлси

Latest from Blog

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт

Божиновска: Енергетската безбедност е неопходност, Македонија работи на нови правци за снабдување

Изградбата на гасниот интерконектор со Грција напредува, а завршувањето на македонската делница се очекува до средината на 2027 година. Поврзувањето со Србија е планирано за 2028 година, соопшти министерката за енергетика, рударство

Од каде доаѓа млекото за Млекара „Здравје“

Најголемиот дел од суровото млеко за Млекара „Здравје“ доаѓа од фармата на ЗК „Пелагонија“, а дел се откупува и од сточари во пелагониските и потпелистерските села. Зад млекото што пристигнува во млекарницата

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се
Go toTop